ПОВЕЌЕ

    ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ ВО МИНУС – Одливите на средства зголемени за 131,1%

    Време зa читање: < 1 минутa

    Помала вредност, повеќе одливи од приливи и негатива од 4,6 милиони евра е состојбата на отворените инвестициски фондови забележана на последниот ден од септември. Притоа, дотокот на средства е зголемен за нецели седум, а истекот за високи над 131 процент.

    За еден месец, според податоците од Комисијата за хартии од вредност, нивната нето-вредност е пониска за 1,35 проценти. Во септември е регистриран износ од 17,8 милијарди денари. Или 290 милиони евра. За споредба, во август тежеле 118,08 милијарди денари (294 милиони евра).

    Во текот на минатиот месец во инвестициските фондови се слеале 16,6 милиони евра. Во однос на августовските 15,5 милиони евра кај приливите има позитивно поместување за 6,9 насто.

    Наспроти тоа, одливите во септември се зголемени за 131,1 процент. И изнесуваат 21,3 милиони евра.

    По таа линија отворените инвестициски фондови навлегле во минус фаза. Негативната нето-разлика меѓу приливите и одливите е 4,6 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично