ПОВЕЌЕ

    За колку е намален индексот на цените на угостителските услуги во јули 2020 година?

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2020 година, во споредба со јуни 2020 година, е намален за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.8 %, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 4.9 %, кое има најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот индекс.

    Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3 %.

    Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4 %, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0.4 %.

    Преземи го соопштението во целост

       Преземи табели

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично