ПОВЕЌЕ

    Идеите се најголем капитал за вашиот бизнис

    Време зa читање: 2 минути

    Претприемништво како деловна активност е насочено кон создавање нова вредност преку создавање нови производи или услуги на пазарот. Секоја претприемничка приказна започнува со идеја, желба, мотив и потреба за капитл. Еден или повеќе претприемачи може да ги здружат своите сили, искуство, знаење и капитал за да остварат одредена заедничка цел што ќе им носи профит на долг рок.

    Во продолжение неколку корисни совети за подобрување на вашиот бизнис.

    • Идеите се најголемиот капитал на Вашиот бизнис.
    • Дозволете слободен тек на идеите на сите нивоа од хиерархиско пирамидалната структура.
    • Бидете отворени идеите да доаѓаат и од надвор од границите на вашиот бизнис.
    • Идеите ставајте ги на хартија, иако можеби нема веднаш да ги примените за да не ги заборавите.
    • И бизнис идеите како и се друго во бизнисот може да се подобрува.
    • Комуницирајте со Вашите потрошувачи за да ги проширувате идеите за Вашиот бизнис. Само тие ќе можат да Ви дадат навистина квалитетни идеи кои веднаш може да се применат во бизнисот. Поставувајте им прашања чии одговори ќе претставуваат нови бизнис идеи.
    • За да една бизнис идеја биде добра, ќе мора да постои потреба на пазарот за истата. Бизнис идеја ја оценува пазарот, а не Вие како претприемач, затоа првин истражете го пазарот за секоја бизнис идеја.
    • Бидете фокусирани на она што се случува во околината. Понекогаш најдобрите бизнис идеи или пак бизнис решенија се веднаш до Вас, но Вие едноставно не ги гледате. Следете ги случувањата и поставете си прашање, Зошто и Како. На ваков начин ќе успеете да ја воочите разликата и во она што е очигледно и јасно, а кое обичните претприемачи не го гледаат.
    • Бизнис идејата е креација на Вашиот ум, ум на еден претприемач, а не на било што друго. Се друго е алатка која Ви помага да ја креирате идејата.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично