ПОВЕЌЕ

    И КОГА ИМА НЕГАТИВНИ ДВИЖЕЊА ИНВЕСТИТОРИТЕ СЕ ФОКУСИРААТ на банкарските акции

    Време зa читање: 3 минути

    Македонска берза втор месец бележи негативни движења во речиси сите сегменти. Падот започна во втората половина на јануари. Оттогаш стрелките се поставени удолу кај бројот на реализираните трансакции, прометот, пазарната капитализација и кај основниот МБИ10 индекс. Во текот на март минусите беа чести и пред процентите кои ги претставуваат дневните промени на акцииите што се тргуваат на официјалниот пазар. Но, и во такви услови, интересот на инвеститорите е насочен кон банкарските и кон акциите на друштвата кои редовно се меѓу најтргуваните.

    И во март најбарана била акцијата на Комерцијална банка, чија вредност се движела од минималните 27.800, преку максималните 30.000, до месечниот просек од 28.961,39 денари. Истргувани се 5.555 обични акции преку 565 трансакции. Прометот е во износ од 160.880.530 денари или 2.609.284 евра. Во вкупниот берзански промет има учество од 38,85 проценти.

    Со промет од 135.656.913 денари, односно 2.200.302 евра, уделот на „Алкалоид“ минатиот месец бил 32,76 проценти. Купопродажните активности се реализирани низ 470 трансакции, во кои се регистрирани 4.881 акција. Нивната просечна цена е 27.792,85 денари (максимална 29.400, минимална 26.901).

    Преку 84 трансакции биле истргувани 267 хартии од вредност на „Макпетрол“. Според вложувањата од инвеститорите, оваа акција е трета на топ пет листата најтргувани за март. Прометот изнесува 28.236.443 денари/458.018 евра и партиципира со 6,82%. Месечниот минимум на единечната цена бил 105.000, максимумот 107.999, а просекот 105.754,47 денари.

    Следуваат акциите на уште две банки од редот на големата тројка.

    На четвртата позиција е акцијата на НЛБ банка, која во текот на минатиот месец достигнала просечна цена од 57.512,84 денари (максимална 60.195, минимална 56.300 денари). Истргувани се 282 акции, при што во графата промет се запишани износите – во денари 16.218.621 и во евра 263.124. Уделот е со 3,92%. Бројот на транакции е 70.

    Со Стопанска банка Скопје се заокружува оваа листа на најбараните акции во третиот месец од годинава. Со остварените 13.371.477 денари, односно 216.809 евра, во вкупниот прометот има учество од 3,23%. Истргувани биле 5.028 акции низ 64 трансакции, со просечна вредност од 2.659,40 денари. Мартовското минимално ниво е 2.550, а максималното 2.700 денари.

    Редоследот на најтргуваните во март е непроменет во споредба со берзанскиот билтен за февруари. Разликата е во просечните цени. Всушност, кај две од петте акции има месечен раст – на „Макпетрол“ (во февруари со просечна цена од 103.414,27 денари) и на скопската Стопанска банка (2.659,13 денари – во февруари).

    Што се однесува до основните берзански показатели, состојбата во март е следна: пазарната капитализација на Македонска берза е 357.821.494.833 денари со минус од 0,45%; прометот има пад од 33,57% и е во износ од 443.101.110 денари; бројот на трансакциите е 1.553 и намален е за 22,50%; вредноста на МБИ10 е 10.558,44 поени, а од февруарската е послаба за 0,96%.

    Класичното тргување бележи минус од 19,55 проценти (524.248.810 денари во февруари и 421.748.610 денари во март). Притоа, прометот со акции е намален за 19,84%, од 520.242.205 во февруари на 417.039.198 денари во март. Во тие рамки е и падот кај блок трансакциите за високи 85,05%. Остварен е промет од 21.352.500 денари, наспроти февруарските 142.780.708 денари. И во вкупниот промет имаат удел од 4,82%. Ова е исходот од регистрираните три блока.

    Единствено зголемување има кај прометот направен со обврзниците, за 17,54%. Се работи за износ од 4.709.412 денари (4.006.605 денари – еден месец претходно). Сепак, пад бележи нивната пазарна капитализација – за 0,18 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично