ПОВЕЌЕ

    И ЦРНА ГОРА ПОДГОТВУВА БОЈКОТ НА СИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ по успехот на граѓанската иницијатива во Хрватска

    Време зa читање: 2 минути

    Премиерот Милојко Спајиќ ја поддржа идејата црногорските граѓани да ги бојкотираат супермаркетите и другите намирници поради високите цени.

    Тој сподели анкета на платформата Икс од корисник  кој постави прашање дали и Црна Гора треба истото да го направи по примерот на Хрватска. „По само еден ден бојкот, хрватските супермаркети ја слушнаа пораката и значително ги намалија цените. Сметате ли дека и ние во Црна Гора треба да се организираме и, да речеме следниот петок да ги бојкотираме сите супермаркети?“, праша корисникот.

    „Да“, напиша Спајиќ споделувајќи ја оваа анкета.

    Него го поддржа и Јелена Недовиќ, пратеник од Движењето Европа сега.„Како браќа, Хрвати, да ги намалиме цените“, напиша таа покрај објавата на Спајиќ.

    Алтернатива Црна Гора потоа ги повика граѓаните да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во Црна Гора во петок, 31-ви јануари.

    Сметаат дека цените се енормно високи и дека водечките трговски синџири, преку меѓусебните договори за формирање на цените, имаа пресудно влијание врз граѓаните да не го почувствуваат зголемувањето на платите и пензиите.

    Можеме ли политиката да ја оставиме настрана еден ден, да не се делиме, сите да бидеме едно, да знаат дека ние одлучуваме?!“, се вели во повикот на Алтернатива.

    Повикот за бојкот на продавниците доаѓа откако слична акција во Хрватска во петокот беше успешна, кога сообраќајот во хрватските супермаркети беше половина од вообичаеното.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично