ШОК во „Каде се парите“: Доверливите податоци на државата се чуваат… во ходници!?
Стефан Андоновски го опишува хаосот кој го затекнал — сервери среде ходници, катастрофални услови и нула системска грижа.
Како е можно податоци за здравје, лични документи и деловни тајни да бидат во толкава опасност? Ова е вистински аларм за сите граѓани.
„Каков му е начинот на чување на примарниот сервер? Дали го чува во ходник, во тоалет, по скали, во подрум? Имаме секакви ситуации.
Што се имам видено во овие 9-10 месеци е многу-многу симптоматично.
- Каде е едно такво специфична чување?
Имам многу лоши ситуации. Не би сакал да ширам премногу, но се чуваат во комплетно несоодветни услови. Да речеме температура, 50 степени која ќе влезете во салата.
А има ли во ходник?
Има во ходник. Не е многу ретко.
Ходник е најчестото место што се чува на серверите на институциите.
Каде се чуваат доверливи податоци. За жал да.
Тоа е фактичка состојба.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.