ПОВЕЌЕ

    Халкбанк советува како да заштедите во вашите студентски денови

    Време зa читање: 2 минути

    Сите знаеме колку може да нѐ обземе чувството на возбуда и анксиозност кога прв пат почнуваме да студираме. Најчесто првото соочување со менаџирање на финансиски средства ни се случува токму тогаш, па затоа решивме како банка да споделиме неколку трикови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со трошоците:

    -Купувајте користени книги

    Книгите на факултет се најчесто најскапиот материјал со кој треба да се снабдите. Стапете во контакт со постарите генерации и купете ги материјалите од нив.

    -Одете на факултет со велосипед

    Превозот е една од најскапите работи кои често ги потценуваме. Користете велосипед или други алтернативни превозни средства за да заштедите пари и време изгубени во сообраќај.

    -Најдете некоја хонорарна работа

    Побарајте по студентските огласи или пак студентските организации дали има некоја хонорарна позиција која ќе ви донесе приход. Секое искуство е добредојдено сѐ додека не ви влијае на успехот на студиите.

    -Научете да готвите

    Домашно зготвената храна е поевтина од оброк кој ќе го купите надвор. Направете си навика да готвите и да си носите оброк со себе доколку ви треба.

    -Барајте бесплатна забава

    Хуманитарни концерти, студентски забави и културни настани се најчесто бесплатни наспроти скапите концерти и забави чиви влезници се прескапи. Доколку не ви е битен некој концерт, скокнете го и појдете до најбиската галерија која има изложено нова колекција.

    -Замрзнувајте храна

    Најчесто поради големите и непредвиливи обврски збораваме храна која сепак ја фрламе. Почнете да замрзнувате храна која не ви треба веднаш и извадете ја во моментот кога не сакате да направите голем трошок во маркет.

    -Аплицирајте за сите стипендии што ќе ги видите

    Стипендиите се еден од најдобрите начини на кои можете да имате финансиска поддршка во студирањето.

    -Користете касички за собирање парички/кусур и тоа физички и е-касички.

    Паричка по паричка = мало богатсво.

    – Изберете соодветен партнер за вашите финансии, оној каде ќе имате најдобри и најповолни можности во однос на вашите плаќања и оддржувања на сметки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично