ПОВЕЌЕ

    ХАЛК БАНКА ГО ЗАЈАКНА почетниот капитал за 20 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Халк банка ја зголеми основната главнина за 20 милиони евра. Новоиздадената 21 емисија на хартии од вредност содржи 123 илјади обични акции, кои ги купи Халк Банкаси А.Ш. Турција. За ова, на почетокот од месецов Банката доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност.

    Номиналната и продажната цена е 10 илјади денари по акција. Во информацијата споделена преку Македонска берза е наведено дека со ова зајакнување Халк банка има 1.407.691 обична акција со вредност од 229 милиони евра.

    „Халк Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 123.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000,00 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 1.230.000.000 денари. Вкупниот капитал на Банката по извршената XХI-та емисија на акции изнесува 14.076.910.000 денари, а вкупниот број на акции е 1.407.691 обични акции со номинална вредност 10.000 денари по акција. Купувач на целата емисија на акции од XXI-та емисија е мнозинскиот акционер на Банката, Халк Банкаси А.Ш. Турција“, се вели во објавата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично