ПОВЕЌЕ

    Групација Триглав: Крупните развојни чекори поткрепа на финансиската сила

    Време зa читање: 9 минути

    Компаниите поставени на цврста основа, со менаџмент кој има визија и спроведува добро обмислени развојни сратегии, успеваат да ја зачуваат стабилноста и во услови на најголема криза. Не се изместуваат лесно од зацртаниот курс, затоа што умеат да ги предвидат можните удари и секогаш се барем чекор пред случувањата. Всушност, во тоа е нивната големина. Во редот на големите е и Групацијата Триглав.

    Според неревидираните податоци, вкупниот приход на Групацијата Триглав во 2022 година се зголеми за 10 насто – на 1.599,3 милиони евра, додека добивката пред оданочување изнесуваше 134,5 милиони евра. Што е за еден процент повеќе споредено со претходната 2021 година. За ова постигнување, покрај добрите деловни резултати, придонеле и соодветните прилагодувања на влијанијата од деловното опкружување. Групацијата, која постојано спроведуваше стратешки развојни активности и ги постигна своите одржливи амбиции, останува финансиски силна, со висока капитална адекватност, која на крајот од годината беше позиционирана околу долниот лимит од својот целен опсег. Двете реномирани агенции за кредитен рејтинг повторно ѝ доделија висок кредитен рејтинг “А”, со стабилна среднорочна перспектива во 2022 година. Задоволството на клиентите и вработените повторно достигна високо ниво.

    Добивка пред оданочување – Групацијата Триглав лани оствари добивка пред оданочување од 134,5 милиони евра, остварувајќи раст од еднопроцентен раст во однос на 2021 година и надминувајќи го планот. Андреј Слапар, претседател на УО на Заваровалница Триглав, рече: „Минатата година направивме важни развојни чекори и постигнавме добри резултати во предизвикувачка деловна средина, што ги потврди цврстината на нашиот деловен модел и флексибилноста и ефикасноста на нашата стратегија.  Врз основа на сето ова, успеавме соодветно да се прилагодиме на промените во деловното опкружување, особено на зголемената инфлација и неповолната ситуација на финансиските пазари“.

    Преземање на осигурителни ризици – Вкупниот приход на Групацијата Триглав се зголеми за 10 насто – на 1.599,3 милиони евра. Од кои, бруто полисираната премија изнесува 1.479,6 милиони евра (за 9 насто повеќе од 2021). Раст на премии беше забележан во сите три осигурителни сегменти и на сите пазари. Премијата за неживотно осигурување се зголеми за 12, премијата за животно и пензиско осигурување за 6, а премијата за здравствено осигурување за 3 проценти. Во Словенија достигна 7 и беше во согласност со пазарните трендови, додека на другите пазари од регионот Адриа изнесуваше 12 проценти. Премијата, полисирана на меѓународниот пазар врз основа на принципот на слободно движење на услугите и бруто полисираната премија за реосигурување се зголемија за 17 насто. Останатите приходи од осигурување имаат раст од 23 проценти – на 59,9 милиони евра, а другите приходи на Групацијата се зголемија за 12 насто – на 59,8 милиони евра. Првенствено вклучуваа приход од управување со средства и продажба на вложувањата во недвижнини.

    Бруто исплатените штети се зголемија за 13 насто, на 832,2 милиони евра. За ова придонесоа и големите природни катастрофи во проценета вредност од 32,1 милион евра, што беше за повеќе од 20 проценти над петгодишниот просек. Комбинираниот коефициент на Групацијата од 88,1 процент беше поволен, пред се како резултат на подобрениот штетен коефициент, поради делумното ослободување на резервациите за штети. Бруто оперативните трошоци се зголемија за 12 насто (374,9 милиони евра) како резултат на инфлацискиот притисок, зголемениот обем на работење и инвестирањето во дигитализација и други развојни активности. Урош Иванц, член на УО на Заваровалница Триглав, вели: „Зголемениот обем на работа и делумното ослободување на резервациите за штети, издвоени во изминативе години, ефикасно ги надоместија зголемените оштетни побарувања и оперативни трошоци, кои се должеа на поголемата активност во резидентниот и во корпоративниот сегмент, порастот на инфлацијата и другите влијанија од деловното опкружување. Во проценката на резервациите за штети беа следени трендовите на најдобра проценка, согласно сметководствениот стандард МСФИ 17, доближувајќи го нивниот износ до нивната проценета вредност”.

    Финансиска позиција – На 31.12.2022 година вкупната билансна состојба на Групацијата достигна 4,1 милијарда евра (индекс 94), вкупната вредност на капиталот изнесуваше 752,8 милиони евра (индекс 81), а бруто осигурителните технички резервации изнесуваа вкупно 3.100,0 милиони евра (индекс 97). Претседателот на УО, Слапар, посочи: „Групацијата Триглав останува финансиски силна; нејзината финансиска позиција во 2022 година беше значително погодена од случувањата на финансиските пазари, зголемувањето на инфлацијата и повисоката исплата на дивидендите. И покрај повисоките ризици, на крајот на годината капиталната адекватност беше висока и позиционирана околу долниот лимит на целниот опсег што го поставивме.”

    Инвестициско портфолио и средства под управување – Зголемувањето на каматните стапки и падот на цените на акциите на финансиските пазари резултираа со намалување на инвестициското портфолио за 11 отсто (3.271,2 милиони евра на крајот на 2022). Приносите од инвестициското портфолио беа негативни (-15,7 милиони евра). Во управувањето со инвестициските портфолија наменети за покривање на осигурителните обврски, компанијата конзистентно ги усогласуваше обврските и средствата во однос на износот, доспевањето и валутата, со што дополнително се ограничуваат неповолните ефекти од зголемените каматни стапки. Во согласност со инвестициските политики, конзервативната структура и квалитетот на инвестициското портфолио не се променија значително. Најголемиот дел (82,8%) од портфолиото (со исклучок на производите за осигурување на живот, кај кои што осигуреникот го презема ризикот) се обврзници од развиени пазари, од кои повеќето имаат висок кредитен рејтинг. Поголемиот дел од инвестициите во производи за осигурување на живот, каде осигуреникот го презема ризикот, претставуваат средства инвестирани во заеднички фондови, избрани од носителите на полиса, и претежно фондови, управувани од Групацијата. Иако тие забележаа нето позитивни приливи, средствата се намалени за 10 отсто, на 1.389,5 милиони евра, поради пониските цени на финансиските пазари. Со одржувањето на пазарен удел од 31,3 проценти, Групацијата Триглав е еден од водечките управувачи на средства во заеднички фондови во Словенија.

    Посветеност на одржливост (ESG) Групацијата зацрта стратешки амбиции за одржлив развој во доменот на екологијата, општествениот развој и управувањето до 2025 година, кои систематски ги спроведува во своите стратешки активности, во процесите, во однос на општествената средина и во корпоративното управување.

    Се проширува опсегот на услуги кои промовираат социјални и еколошки придобивки, како што се осигурување на соларни централи, на микромобилност, на електрични и хибридни возила, земјоделско осигурување. Во инвестициското портфолио на Групацијата се зголемува уделот на обврзници со зелено, одржливо и општествено влијание. Нивниот удел во портфолиото на обврзници до 31 декември 2022 година изнесува 10 проценти. Веќе неколку години по ред на клиентите на Групацијата на располагање им е фонд за одржлив капитал, Триглав Зелени, кој е во согласност со регулативата на ЕУ за информирања, поврзани со одржливоста во секторот за финансиски услуги.

    Воедно, Групацијата ја намалува потрошувачката на енергија, хартија и количината на отпад во сопствените процеси. Како резултат на тоа, лани јаглеродниот отпечаток од Опсег 1 и Опсег 2 се намали за 11 отсто. Беа направени и првите инвестиции во соларни панели, за да се обезбеди делумна енергетска самостојност. Уделот на електричните и хибридните возила во возниот парк се зголеми, а постигнат е и напредок кон дигитализација и работа без хартија.

    Групацијата секогаш била вклучена во општествени и еколошки одговорни проекти, партнерства и донации. Заедно со партнерите од областа на спортот, културата, здравството, превенцијата и економијата беше дизајнирана платформата Insure Our Future (Осигури ја иднината) посветена на подигнување на свеста за важноста на практиките за одржливост, врз основа на 17-те Цели за одржлив развој на ОН (SDGs).

    Групацијата во своето работење ги следи високите стандарди за корпоративно управување. Негува култура на различност и инклузија, препознавајќи ги можностите што ги носи. Жените претставуваат 55 отсто од сите вработени, 45 отсто од сениор менаџмент и 24 отсто од вработените, кои водат или надгледуваат компании во Групацијата. Таа учествува во меѓународните иницијативи на ОН за PSI (принципи на одржливо осигурување), UNEP FI и партнерството на PCAF, кои ги спроведуваат принципите на одржлив развој, и известува во согласност со стандардите за одржливост на GRI, SASB и прашалникот за климатските промени на CDP.

    Политика за дивиденди – Заваровалница Триглав се стреми да биде профитабилна, безбедна и стабилна инвестиција за своите инвеститори. Во 2022 година уделот на ЗВТГ беше погоден од случувањата на берзите, со тоа што нејзината цена падна за 6 отсто (индексот на љубљанската берза SBITOP падна за 17 проценти). Вкупниот принос изнесуваше 4,5, од кои приносот од дивидендите изнесуваше 10,7 проценти. По двете пандемиски години компанијата лани исплати повисока дивиденда од 3,70 евра бруто по акција. Покрај нивото на расположливиот капитал, предвид беше земена исклучителноста на некои сегменти од работењето на Групацијата во претходните две години.

    Во тој контекст, Андреј Слапар, изјави: „Во година полна со предизвици работевме уште повеќе на градење побезбедна иднина за нашите клиенти, вработени и акционери, што ќе ни биде водечки принцип и во иднина. Ни значи многу што клиентите уште еднаш го препознаа вложениот напор и се задоволни од нас; покрај тоа, нашиот тим од над 5.300 вработени исто така изрази високо ниво на задоволство, и искрено им се заблагодарувам за успешната работа“.

    Стратегија до 2025 година – Продолжувајќи ја својата дигитална трансформација и развивајќи услужно ориентирани деловни екосистеми, Групацијата ја следи сопствената главна стратешка цел – извонредно и еднообразно корисничко искуство на клиентите во рамките на сите канали, процеси, производи и компании. Нејзината трансформација се заснова на унифицирано управување со корисничкото искуство и дигитално работење. За таа цел Групацијата лани продолжи со дигитализацијата на своите асистентски услуги и процедурите во доменот на продажба и штети, како и развој на единствена платформа за комуникација и обезбедување услуги за клиентите. Покрај тоа, неколку внатрешни процеси веќе се опремени со алатки за роботска автоматизација. Екосистемите во клучните области на здравството, финансиските услуги, мобилноста, животот и домашните миленичиња продолжија да се поврзуваат во една платформа и програма за лојалност, Триглав комплет. Групацијата го прошири не само опсегот на своите партнери, со кои ги дели заедничките деловни принципи и цели за постигнување високо задоволство на клиентите, туку и обемот на асистентски и поврзани услуги.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично