ПОВЕЌЕ

    ЧИТАМЕ: Патрик Диксон – Градење подобар бизнис | Дел 5/5

    Време зa читање: 5 минути

    Во трагање по значење

    Човековото трагање за значење е првенствената мотивација во неговиот живот“. – Виктор Франкл, автор на Човековото трагање по значење

    „…единствена цел на човековото постоење е да запали светлина во темнината на чистото битие“. Карл Јунг, 1875-1961

    Многумина бизнис мислители сега зборуваат за важноста за ангажирање на страста на луѓето во нивната работа. За мене, страста е сè. Јас побргу би работел со пет луѓе кои навистина веруваат во тоа што го прават, отколку со 500 кои едноставно не можат да ја видат поентата.

    Животот е премногу краток за трошење на време за проектите кои не можат да испорачаат нешто, за луѓето кои нема да се променат и за процесите без цел.

    Кога сте близу до смртта, тоа ве тера да размислувате за животот. Јас првобитно започнав како лекар, грижејќи се за тие кои умираа од рак: им ја олеснував болката, давав емоционална поддршка, помагајќи им да ги живеат последните денови дома со нивните семејства. Секој ден е посебен ден. Доаѓате до тоа на нештата да гледате различно. Во такво време, приоритетите се менуваат, и вие се фокусирате повеќе на тоа што навистина е важно.

    Но, сега го гледаме истиот мисловен процес кај помладата генерација бизнис менаџери, помеѓу студентите, дури и кај оние кои го напуштаат средното образование. Тие поставуваат длабоки прашања околу целта и насоката на нивните животи.

    Ние им ги даваме на луѓето нивните животи назад со поправка и лекување на човечкото тело… Го нарекуваме тоа „цел над профитот“. Секој што работи за компанијата знае дека тоа е наша цел“. – Сер Крис О`Донел, CEO на Смит и Нефју

    Со оглед на ставовите отсликани погоре, немаме изненадување дека следните се најопштите прашања поставени во врска со работата:

    • Зошто служи мојот живот?
    • Зошто го работам ова и работам за оваа компанија?
    • Зошто го трпам ова ниво на притисок?
    • Дали навистина сакам да продолжам вака?
    • Зошто не правам нешто што е важно за мене?
    • Како можам да посветам повеќе време на семејството и на други кои се значајни за мене?
    • Колку пари навистина ми требаат да живеам задоволен живот?

    Еве еден од најголемите предизвици за вашата иднина во бизнисот. Ако може да ми покажете каква разлика вашата менаџментска цел прави на животите на другите луѓе, ќе пронајдете дека тоа наидува побргу отколку што некогаш би можеле да замислите, и подобро одошто предизвикувачки сте се надевале. Ако не можете, тогаш заборавете. Луѓето кои работат со вас ќе одлучат дека постојат други работни места, кои се повеќе вредни за потрошеното време и поисполнети.

    Страста е поединечната најмоќна конкурентска предност која една организација може да ја бара во градењето на својот успех“.- Ричард Ченг, автор на Страсниот план на работа

    Ние говориме за далеку повеќе достигнувачки исход од посветеност на вработените. Слични исходи влијаат на однесу-вањето на потрошувачите и на инвестициите. Анкета изведена врз 25.000 лица, ширум 23 земји на шест континети, покажува дека сликата на луѓето за компаниите сега е обликувана повеќе од корпоративно „граѓанство“ (56 проценти) отколку од брен-дот (40 проценти) или основите на бизнисот (34 проценти). На пример, 77 проценти сакаат нивните пензиски фондови да усвојуваат етички инвестициски политики, толку долго додека тоа не значи помал раст. Две од три лица сакаат компаниите да одат понатаму од правењето профит, плаќањето порези, вработувањето луѓе и на потчинувањето на законите; тие сакаат, исто така, компаниите да придонесат за пошироки општествени цели. Дотолку повеќе, еден од пет потрошувачи наградил или казнил компанија во изминатите 12 месеци, во зависност дали тие ја одобруваат или не нејзината етика.23

    Па така, што сето тоа значи за предводништвото, маркетингот и менаџментот?

    Др. Патрик Диксон е често опишуван како водечки футурист во Европа и е рангиран како еден од 50-те живи највлијателни мислители за бизнисот во светот (www.thinkers50.com). Претсе-давач е на Глобал Чејнџ Лимитид, асистент на Центарот за развој на менаџментот при Бизнис училиштето во Лондон, автор на 12 книги, вклучувајќи ја Futurewise, и е визитинг професор при Ев-ропското училиште за менаџмент и технологија. Тој советува многу глобални компании за широк обем на идни трендови, вклучувајќи ги дигиталното општество, виртуелните корпорации, финансиските услуги, биотехнологијата, промените во начинот на животот, однесувањето на потрошувачите, маркетингот, мотива-цијата, предводништвото, јавната политика, корпоративната етика, движењата на активистите и владините регулации. Неговите клиенти ги вклучуваат Хјулит-Пакард, Мајкрософт, UBS, RBS, Креди Суис, ПрајсвотерхаусКуперс, Форд, IBM, Рош, GSK, UNIDO, Алајанз, HSBC и BT.Патрик Диксон има одржано презентации во повеќе од 40 земји, како и на Светскиот економски форум во Давос, на Јужноафри-канскиот самит на Светскиот економски форум и на Меѓународ-ниот форум на Емиратите. Тој, исто така, е поранешен член тимот на Светската банка за техничка помош на Кина.Диксон учествуваше во стотици телевизиски и радио емисии на мрежи како CNN, CNBC, ABC News, Sky News, BBC, ITV, Channel 4 и Channel 5. Тој пишуваше за многу публикации, вклу-чувајќи го Тајм магазинот. Неговиот web-ТВ site (global-change.com) е посетен од повеќе од шест милиони различни луѓе, со повеќе од 50 милиони дневно преземени зборови.

    Тој, исто така, е вклучен во хуманитарни проекти во најсиромаш-ните нации, и е основач на ACET International – глобална мрежа за згрижување и програми за спречување на СИДА, со основа во заедницата. Патрик Диксон се обучуваше во медицина во Кингс Колеџ, Кејмбриџ и Черинг Крос Болницата, Лондон. Во 1979, тој започна сопствено информациско технолошко придвижување кон медицинската компјутеризација, пред да се специјализира во грижата за тие што умираат од рак. Роден во 1956, тој живее во западен Лондон со неговата сопруга и нивните 4 деца.

    Прочитај и: Градење подобар бизнис прв дел

    Прочитај и: Градење подобар бизнис втор дел

    Прочитај и: Градење подобар бизнис трет дел

    Прочитај и: Градење подобар бизнис четврти дел

    Книгата можете да ја најдете во Книготека Икона на Максим Горки бр 17, Ул Македонија бр 24 и во ТЦ Рамстор Мол

    Следете ја Икона на:
    facebook.com/ikonabookstorе
    instagram.com/knigotekaikona

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично