ПОВЕЌЕ

    ЧИТАМЕ: Патрик Диксон – Градење подобар бизнис | Дел 2/5

    Време зa читање: 5 минути

    Слушај и учи

    Учесниците на конференција се разведруваат додека луѓето ги кажуваат нивните приказни: описи „исполнети со срце“ за време и енергија точени во места и луѓе на кои им треба помош. Ако само тие би можеле да ја вметнат оваа сила на убедување во маркетинг кампањи, предизвици во бизнис, менаџментски успеси, иновација на производи, финансиски цели, предводнички стратегии, работни планови, контрола на квалитет, буџети или стратешки цели. Некои организации, тоа го прават, како добро управувани непрофитни групи, но во поголемите корпорации тоа е всушност реткост.

    „Тоа што навистина значи во нашите животи и нашите заедници се истрајните вредности на возвраќање и помагање на други“. – Колин Л. Пауел

    Спротивставете ја сета оваа страст и посветеност со тешкотиите на кои многу организации наидуваат во мотиви-рањето на нивниот персонал. Можете да потрошите богатство во усвојување на најновите моди во менаџментот, и на посебни публикации, видео снимки, конференции и внатрешни програ-ми за обука, и да направите мала или никаква разлика. Вие, наместо тоа, треба да се поврзете со оваа силна желба на луѓето да се дадат себеси целосно за апсолутно ништо.

    За часовите, деновите, неделите или месеците дадени од доброволци често не се говори, можеби поради скромност или бидејќи мотивацијата доаѓа од нешто што е лично. Но, лекци-ите кои ние може да ги научиме од непрофитните активности треба да се на дневниот ред на секој извршен одбор и мена-џментски тим, но не бидејќи дека за директорите и менаџерите значи далеку повеќе за нив тоа што неплатено го работат од бизнисот фокусиран на профит за којшто толку многу се платени да го водат.

    Размислете околу тоа: десет виши бизнис лидери седат цел ден во соба за конференции, борејќи се со еден бизнис предизвик по друг. Целосното чинење на тој состанок е огромен во однос на плати плус додатоци, како и во времето кое всушност поинаку би можело да биде потрошено на водење на бизнисот. Повеќето од страста собрана внатре во таа соба има малку со тоа што е разговарано, туку е во врска со животот надвор: семејството, заедницата и над тоа.

    Ако овие луѓе би можеле само да го поврзат нивниот бизнис со дури 20 проценти од заедничките страсти за животот надвор од работата, и да ја постигнат таа иста поврзаност за секој друг ширум целата корпорација, повеќето од предизвиците за кои потрошија цел ден во разговор брзо би се растопиле, и тие би биле во подобра положба да одговорат на такви прашања како:

    • Како може да добиеме подобра изведба?
    • Како може да ги зголемиме нашите профити и цената на акцијата?
    • Како може да охрабриме побрза промена?
    • Како може да ги мотивираме луѓето да заштедат пари?
    • Како може да се осигураме дека нашите продажни тимови ја постигнуваат целта?
    • Како може да ја зголемиме лојалноста на потрошувачите и на персоналот?
    • Како може да ги одржиме нашите маржи?
    • Како може да ја забрзаме иновацијата?
    • Како може да ја задржиме нашата конкурентска пред-ност?
    • Како може да го подобриме нашиот приход од капиталот?
    • Како може нашите акционери да ги задржиме среќни?

    „За да успеете, мора да верувате во нешто со таква страст, што тоа станува реалност“. – Анита Родик, основач на Боди Шоп

    Др. Патрик Диксон е често опишуван како водечки футурист во Европа и е рангиран како еден од 50-те живи највлијателни мислители за бизнисот во светот (www.thinkers50.com). Претсе-давач е на Глобал Чејнџ Лимитид, асистент на Центарот за развој на менаџментот при Бизнис училиштето во Лондон, автор на 12 книги, вклучувајќи ја Futurewise, и е визитинг професор при Ев-ропското училиште за менаџмент и технологија. Тој советува многу глобални компании за широк обем на идни трендови, вклучувајќи ги дигиталното општество, виртуелните корпорации, финансиските услуги, биотехнологијата, промените во начинот на животот, однесувањето на потрошувачите, маркетингот, мотива-цијата, предводништвото, јавната политика, корпоративната етика, движењата на активистите и владините регулации. Неговите клиенти ги вклучуваат Хјулит-Пакард, Мајкрософт, UBS, RBS, Креди Суис, ПрајсвотерхаусКуперс, Форд, IBM, Рош, GSK, UNIDO, Алајанз, HSBC и BT.

    Патрик Диксон има одржано презентации во повеќе од 40 земји, како и на Светскиот економски форум во Давос, на Јужноафри-канскиот самит на Светскиот економски форум и на Меѓународ-ниот форум на Емиратите. Тој, исто така, е поранешен член тимот на Светската банка за техничка помош на Кина.

    Диксон учествуваше во стотици телевизиски и радио емисии на мрежи како CNN, CNBC, ABC News, Sky News, BBC, ITV, Channel 4 и Channel 5. Тој пишуваше за многу публикации, вклу-чувајќи го Тајм магазинот. Неговиот web-ТВ site (global-change.com) е посетен од повеќе од шест милиони различни луѓе, со повеќе од 50 милиони дневно преземени зборови.

    Тој, исто така, е вклучен во хуманитарни проекти во најсиромаш-ните нации, и е основач на ACET International – глобална мрежа за згрижување и програми за спречување на СИДА, со основа во заедницата. Патрик Диксон се обучуваше во медицина во Кингс Колеџ, Кејмбриџ и Черинг Крос Болницата, Лондон. Во 1979, тој започна сопствено информациско технолошко придвижување кон медицинската компјутеризација, пред да се специјализира во грижата за тие што умираат од рак. Роден во 1956, тој живее во западен Лондон со неговата сопруга и нивните 4 деца.

    Книгата можете да ја најдете во Книготека Икона на Максим Горки бр 17, Ул Македонија бр 24 и во ТЦ Рамстор Мол

    Следете ја Икона на:
    facebook.com/ikonabookstorе
    instagram.com/knigotekaikona

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично