ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка започнува со исплата на априлските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за месец април 2024 година ќе се исплаќаат од 30.04.2024 год. (вторник), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка.

    Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат.

    Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

    Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од 30.04.2024 ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата.

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

    Воедно, согласно Законот за празници на РСМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2024 година (среда), 3 мај 2024 година (петок) и 6 мај 2024 година (понеделник) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија.

    Банката нема да работи на овие денови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично