ПОВЕЌЕ

    ЧИТАМЕ: Патрик Диксон – Градење подобар бизнис | Дел 3/5

    Време зa читање: 5 минути

    Што мотивира профитот?

    Ретко имам сретнато претседавач или главен извршен раководител на јавно наброена корпорација кој е навистина страстен за акционерската вредност, крајниот резултат од профитот или приходот од капиталот, како што се за нивните деца, за интересите во слободното време, за работите во заедницата во кои се вклучени, или за што и да било на кое посветуваат енергија надвор од бизнисот. После сè, кога платената работа завршува, тие заминуваат. Не гледате многу кои се враќаат со понуди да помогнат во слободното време.

    Чудно е, тогаш, дека членовите на комисијата на јавни корпорации треба да бидат измамени во замислувањето дека некој друг ќе биде длабоко вдахновен од визија која е доминирана од зголемените основи на профитот година по година. Можете да ветите големи награди за достигнување цели, но краткорочните цели може да бидат дочекани воопшто без страст за сеопфатната мисија, само како желба брзо да се заработи и рано да се оди во пензија.

    Никој, освен инвестициските менаџери, не оди на работа рано бидејќи тој или таа копнее да ги направи акционерите богати“. – Мајкл Хамер, автор на Повторен инженеринг на корпорацијата

    Се разбира, тие со големи сопственички влогови во фир-мите за коишто работат, може да имаат подлабоки емотивни врски, а основачите – сопственици, може да ги гледаат нивните компании речиси како деца, но силната емотивна поврзаност останува невообичаена. Во секој случај, не можете да очеку-вате еден главен извршен раководител да има вистинска страст околу иднината на корпорација во акционерска сопственост, кога просечната должина на службата пред да биде отпуштен или оттурнат може да биде кратка колку три и половина годи-ни, во зависност од индустријата и од земјата.

    Барајќи промена

    Највозбудливиот пробив на 21-от век нема да се случи поради технологијата, туку поради проширениот концепт на тоа што значи да бидеш човечко суштество“. – Џон Нејсбит, автор на Мегатрендс 2000

    Желбата за доброволна работа е дел од истото радикално поместување кое предизвика нови гледишта на рамнотежата работа – живот, на корпоративното управување и на општествената одговорност, и го одразува револуционерниот дух кој би можел да го поттикне секој бизнис во иден успех.

    Целта на животот е живот со цел“. – Роберт Бирн, автор

    Кој сè уште претпочита, во секој случај, да работи за големи корпорации? Не многумина во Велика Британија. Девет од десет лица на возраст од 35 до 45 години сакаат да ги напуштат вообичаените работи во бизнисот.8 Тешко може да замислите поголема сила за промена во работата.

    Тие можат да бидат поделени во групи како што се:

    • Вкрстени преместувачи. Овие ја вклучуваат најголемата група од оние кои бараат промена. Тие се успешни луѓе кои бараат да се разгранат на свое, и сè уште се мошне амбициозни за кариерите и нивната иднина, но сакаат живот по нивни сопствени услови, да работат за самите себе, да го пронајдат сопствениот пат.
    • Нови автентични. Од овие, толку многу колку седум од десет би ги преполовиле своите плати за „живот со повеќе смисла“. Многумина од нив се селат во провинција или на село, или вршат доброволна работа во странство, или се преобучуваат за работи како учителство или земјишно-пејсажно градинарство.9

    Многу успешни вкрстени преместувачи подоцна стануваат „постари автентични“, кои бараат да наметнат нешто назад, за поголемото добро, откако ги воделе своите сопствени бизниси.

    Незадоволството од работата е силно поврзано со долгите работни часови, делумно бидејќи станува толку тешко да се тежнее за другите интереси. Ако целта е целосно пронајдена надвор од работата, тоа може да биде одлично ако работните часови се ограничени. Но колку подолги стануваат тие часови, толку е поверојатно дека некој ќе почне да се чувствува здробен, незадоволен или дури злоупотребен.

    Др. Патрик Диксон е често опишуван како водечки футурист во Европа и е рангиран како еден од 50-те живи највлијателни мислители за бизнисот во светот (www.thinkers50.com). Претсе-давач е на Глобал Чејнџ Лимитид, асистент на Центарот за развој на менаџментот при Бизнис училиштето во Лондон, автор на 12 книги, вклучувајќи ја Futurewise, и е визитинг професор при Ев-ропското училиште за менаџмент и технологија. Тој советува многу глобални компании за широк обем на идни трендови, вклучувајќи ги дигиталното општество, виртуелните корпорации, финансиските услуги, биотехнологијата, промените во начинот на животот, однесувањето на потрошувачите, маркетингот, мотива-цијата, предводништвото, јавната политика, корпоративната етика, движењата на активистите и владините регулации. Неговите клиенти ги вклучуваат Хјулит-Пакард, Мајкрософт, UBS, RBS, Креди Суис, ПрајсвотерхаусКуперс, Форд, IBM, Рош, GSK, UNIDO, Алајанз, HSBC и BT.

    Патрик Диксон има одржано презентации во повеќе од 40 земји, како и на Светскиот економски форум во Давос, на Јужноафри-канскиот самит на Светскиот економски форум и на Меѓународ-ниот форум на Емиратите. Тој, исто така, е поранешен член тимот на Светската банка за техничка помош на Кина.

    Диксон учествуваше во стотици телевизиски и радио емисии на мрежи како CNN, CNBC, ABC News, Sky News, BBC, ITV, Channel 4 и Channel 5. Тој пишуваше за многу публикации, вклу-чувајќи го Тајм магазинот. Неговиот web-ТВ site (global-change.com) е посетен од повеќе од шест милиони различни луѓе, со повеќе од 50 милиони дневно преземени зборови.

    Тој, исто така, е вклучен во хуманитарни проекти во најсиромаш-ните нации, и е основач на ACET International – глобална мрежа за згрижување и програми за спречување на СИДА, со основа во заедницата. Патрик Диксон се обучуваше во медицина во Кингс Колеџ, Кејмбриџ и Черинг Крос Болницата, Лондон. Во 1979, тој започна сопствено информациско технолошко придвижување кон медицинската компјутеризација, пред да се специјализира во грижата за тие што умираат од рак. Роден во 1956, тој живее во западен Лондон со неговата сопруга и нивните 4 деца.

    Книгата можете да ја најдете во Книготека Икона на Максим Горки бр 17, Ул Македонија бр 24 и во ТЦ Рамстор Мол

    Следете ја Икона на:
    facebook.com/ikonabookstorе
    instagram.com/knigotekaikona

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично