ПОВЕЌЕ

    Дивиденда се дели еднаш годишно, но колку добиваат месечно членовите во Одборот на директори на „Телеком“?

    Време зa читање: 3 минути

    Успешна година и висока дивиденда за акционерите на „Македонски телеком“. Ќе се дели бруто износ од безмалку 36 милиони евра, или точно – 2.212.067.762 денари. Износот ќе се вреднува со определените бруто 25,65 денари за акција.

    Пресекот на акционерската книга ќе биде направен на 12 јули, што значи дивиденда ќе им биде исплатена на сите тие што на тој датум се заведени на листата. Според предложената одлука, која треба да биде потврдена на 29 мај, за кога е зкажано акционерското Собрание, последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 10 јули.

    Што се однесува до ефектите од минатогодишното работење на телекомуникациската компанија, од каде што произлегува и распределбата на дивидендата, можат да се дефинираат со – стабилни пазарни позиции и раст во речиси сите сегменти. Резултатот е годишно натфрлање од 38,7 проценти кај добивката и износ од 33,77 милиони евра.

    Во акционерската структура со 51 отсто доминира „Каменимост комуникации“, а македонската Влада – 34,81 процент. Во нејзина сопственост е и единствената златна акција.

    МКТ ги објави и податоците за надоместоците што лани им биле исплатувани на членовите во Одборот на директори. Односно, достапни се информациите само за оние кои се од Македонија и кои се предложени од Владата.

    Игор Милев како неизвршен член и претседател на Одборот на директори добива месечен надомест за членство од 155 илјади денари нето. Износот беше намален лани во јули, а дотогаш неговиот претходник на таа позиција добиваше 372 илјади денари. Тој е адвокат со плата од 50 илјади денари.

    Неговиот заменик и исто така неизвршен член. За тој ангажман Садула Дураки месечно примал по 93 илјади денари.

    На Нина Ангеловска како неизвршен член и биле исплатувани 62.000 денари. Исто така, таа е член и во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, од каде што добивала надомест од 98.000 денари. Воедно, вработена е на Универзитет за туризам и менаџмент со плата од 30.035 денари.

    Неизвршен член на ОД со 62.000 надомест е и Бардул Насуфи, вработен во Општина Струга, каде месечните примања му биле по 49.470 денари.

    Истата сума од 62.000 ја примала и Шкодране Дарлишта како независен член на Одборот. Инаку, работи во јавна установа од областа на здравството за плата од 45.000 денари.

    Независен член е и Аќиф Медиу, исто така со нето надомест од 62.000 денари.

    За членовите на „клучното раководство“, како што наведуваат од МКТ, биле исплќани и други трошоци: „краткорочни користи за вработените (вклучувајќи ги поврзаните даноци) – 67.669.000 денари; законски пензиски придонеси за краткорочните користи 9.890.000 денари; останати законски придонеси за краткорочните користи 5.049.000 денари; користи поради прекин на вработувањето 9.657.000 денари; долгорочни програми за стимулација 50.879.000 денари; останати плаќања 2.474.000 денари“, по што се доаѓа до вкупниот износ од 145.618.000, или 2,36 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично