ПОВЕЌЕ

    Инвестициските фондови со намалени приливи и одливи – во март позитива од 500 илјади евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Само половина милион евра е позитивата на инвестициските фондови во март. Месец, во кој се намалени и приливите и одливите на средства, покажуваат податоците од мартовскиот извештај на Комисијата за хартии од вредност.

    На последниот ден од третиот месец во годината е забележано дека нето вредноста на отворените инвестициски фондови е 15,4 милијарди денари, што е еднакво на 250,5 милиони евра. Во однос на состојбата од 29 февруари тоа претставува зголемување од 2,07 проценти.

    Намалување од 25,11 отсто има кај вкупниот прилив на средства. Во текот на март во овие фондови се слеале 20,3 милиони евра, наспроти регистрираните 27,1 милион евра во февруари.

    Истиот тренд е присутен и на страната на одливите. Тука падот е за 18,44 проценти. И, споредено со февруари, во март се на нивото од 19,74 милиони евра.

    Оттаму произлегува и позитивната нето разлика од 500 илјади евра меѓу приливите и одливите во отворените инвестициски фондови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично