ПОВЕЌЕ

    НА ХАРТИЈА СЀ Е ВО РЕД – НО КАДЕ ЗАВРШИЛА ДОНАЦИЈАТА?

    Време зa читање: 2 минути

    Во договорот пишува дека ќе се донираат садници. Документите се уредни, но дали дрвјата навистина се засадени? Токму тука е разликата меѓу ветена и реализирана донација.

    Даночната експертка Елена Стојмановска Тортевска во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ прашува дали повеќе ѝ веруваме на хартијата или на утврдената фактичка состојба. Договорот покажува што страните се обврзале да направат, но сам по себе не докажува дека тоа е завршено. Затоа, контролата треба да утврди каде отишле средствата и дали се употребени за договорената намена. Поедноставувањето на процедурите не значи откажување од проверките: клучно е примателот да покаже што реализирал, а даночниот орган да може да го провери тоа и на терен. Затоа, реално се отвара прашањето на капацитетот на институциите за контрола на донациите.

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“.

    Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS

    „Јас најпрво би го поставила малку од друг аспект, од друг агол прашањето, дали повеќе веруваме на хартијата или на фактичката состојба. Да, хартијата е битна за да видиме кои планови се на определени компании и на приматели на донација, меѓутоа дали тоа навистина е така пракса, пак доаѓаме до екс пост. Екс анте е, дај да видиме зашто ќе донираат, што ќе прават, што има планот и тука е фокусот, дали е јавен интерес или не, а дали сето тоа е направено правилно како што треба, фокусот е на утврдување на правилна фактичка состојба, значи каде ќе зборуваме  за излегување на терен. Затоа, овде треба да се гледа не како проширување на даночните бенефиции, далеку сме од размислување на проширување на даночни бенефиции, туку менување на фокусот дали и веруваме на хартијата или и веруваме на правилно утврдена фактичка состојба.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично