ПОВЕЌЕ

    ЧИТАМЕ: Патрик Диксон – Градење подобар бизнис | Дел 1/5

    Време зa читање: 4 минути

    Поврзете се со сите страсти коишто луѓето ги имаат – за самите нив, за нивните семејства, нивните заедници и поширо-киот свет – и тие ќе ве следат до краевите на земјата. Тие ќе шират углед за вашиот бизнис, напорно ќе работат за вас, и ќе ги купуваат вашите производи, услуги и акции со гордост. Вие ќе ги привлечете најдобрите луѓе, ќе обликувате високо моти-вирани тимови, ќе соберете лојални потрошувачи, ќе ги продавате најсилните брендови со најголема цел и највисока вредност, ветувајќи подобра иднина.

    Тајната лежи во знаењето како тоа да се стори, што значи да се сфати:

    • зошто делуваме како што делуваме;
    • зошто одбираме тоа што го работиме;
    • зошто работиме како што работиме;
    • зошто живееме како што живееме.

    Оваа книга се зафаќа да го стори тоа и објаснува како да направите нештата да се случат, како да мотивирате, како да продавате и како да победите во иднината каде сè е менливо – вклучувајќи ја и дефиницијата за победување.

    На едно ниво, таа говори за:

    • огнот во вашето срце;
    • страста во вашиот живот;
    • тоа што прави луѓето да постигнат извонредност.

    Повеќе практично, таа објаснува зошто:

    • толку многу лидери не може да ги мотивираат своите тимови;
    • менаџментот на промена често е фрустрирачки;
    • поттиците на старата работа повеќе не делуваат;
    • луѓе напуштаат добро платена работа;
    • секој говори за „имањето живот“;
    • стари маркетинг слогани изгледаат толку уморни;
    • вредностите драматично се менуваат.

    …и зошто толку многу луѓе добиваат далеку повеќе исполнетост кога работат за ништо, отколку што добиваат од нивната работа. Разбирањето на ова е суштински кога станува збор за менаџирање и мотивирање луѓе, а исто така и во маркетингот.

    Неодамна, имав средба со бизнис лидер кој беше возне-мирен бидејќи изгубил еден од неговите најдобри луѓе. „Не разбирам“, рече тој. „Ние му понудивме бонус од половина милион долари за да остане“.

    Тоа што тој не го разбрал е дека страста на неговиот колега за тоа што сакал да го работи, наместо тоа, била таква што тој не се грижел дали ќе му биде исплатена и една паричка.

    Да се биде во допир со огнот и страста се чини дека е суштинска потреба за душата на човечкото суштество“. – Дејвид Вајт во Разбуденото Срце

    Др. Патрик Диксон е често опишуван како водечки футурист во Европа и е рангиран како еден од 50-те живи највлијателни мислители за бизнисот во светот (www.thinkers50.com). Претсе-давач е на Глобал Чејнџ Лимитид, асистент на Центарот за развој на менаџментот при Бизнис училиштето во Лондон, автор на 12 книги, вклучувајќи ја Futurewise, и е визитинг професор при Ев-ропското училиште за менаџмент и технологија. Тој советува многу глобални компании за широк обем на идни трендови, вклучувајќи ги дигиталното општество, виртуелните корпорации, финансиските услуги, биотехнологијата, промените во начинот на животот, однесувањето на потрошувачите, маркетингот, мотива-цијата, предводништвото, јавната политика, корпоративната етика, движењата на активистите и владините регулации. Неговите клиенти ги вклучуваат Хјулит-Пакард, Мајкрософт, UBS, RBS, Креди Суис, ПрајсвотерхаусКуперс, Форд, IBM, Рош, GSK, UNIDO, Алајанз, HSBC и BT.

    Патрик Диксон има одржано презентации во повеќе од 40 земји, како и на Светскиот економски форум во Давос, на Јужноафри-канскиот самит на Светскиот економски форум и на Меѓународ-ниот форум на Емиратите. Тој, исто така, е поранешен член тимот на Светската банка за техничка помош на Кина.

    Диксон учествуваше во стотици телевизиски и радио емисии на мрежи како CNN, CNBC, ABC News, Sky News, BBC, ITV, Channel 4 и Channel 5. Тој пишуваше за многу публикации, вклу-чувајќи го Тајм магазинот. Неговиот web-ТВ site (global-change.com) е посетен од повеќе од шест милиони различни луѓе, со повеќе од 50 милиони дневно преземени зборови.

    Тој, исто така, е вклучен во хуманитарни проекти во најсиромаш-ните нации, и е основач на ACET International – глобална мрежа за згрижување и програми за спречување на СИДА, со основа во заедницата. Патрик Диксон се обучуваше во медицина во Кингс Колеџ, Кејмбриџ и Черинг Крос Болницата, Лондон. Во 1979, тој започна сопствено информациско технолошко придвижување кон медицинската компјутеризација, пред да се специјализира во грижата за тие што умираат од рак. Роден во 1956, тој живее во западен Лондон со неговата сопруга и нивните 4 деца.

    Книгата можете да ја најдете во Книготека Икона на Максим Горки бр 17, Ул Македонија бр 24 и во ТЦ Рамстор Мол

    Следете ја Икона на:
    facebook.com/ikonabookstorе
    instagram.com/knigotekaikona

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично