ПОВЕЌЕ

    ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Книжни пари во оптек

    Време зa читање: 2 минути

    Второто издание на книжните пари коишто се употребуваат денес, за првпат е пуштенo во оптек на 8 септември 1996 година. Со ова издание во оптек се пуштени книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари. Изгледот на македонските книжни пари, кој го отсликува богатото културно наследство на Република Северна Македонија, е осмислен од ликовната уметница Билјана Унковска, а финалниот дизајн е изработен во печатницата „Де ла ру“, Велика Британија.

    Дизајнот на книжните пари во апоени од 500 и 1000 денари е надграден со вградување на дополнителни заштитни елементи со изданието од 2003 година.

    Од 15 декември 2016 година, апоенската структура на книжните пари во оптек е збогатена со воведување два нови апоена – 200 и 2000 денари. Творец на идејните и ликовно-графичките решенија за изгледот на овие книжни пари е графичкиот дизајнер Ласко Џуровски. Истовремено, книжните пари со апоенска вредност од 5000 денари се повлечени од оптек.

    На 15 мај 2018 година се пуштени во оптек првите полимерни пари на Република Северна Македонија, со апоенска вредност од 10 и 50 денари.

     

    • 2000 денари – издание 2016 година
    • 1000 денари – издание 1996 и 2003 година
    • 500 денари  – издание 1996 и 2003 година
    • 200 денари – издание 2016 година
    • 100 денари  – издание 1996 година
    • 50 денари 2018 година
    • 10 денари 2018 година

    Извор: Народна банка

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично