ПОВЕЌЕ

    Германија од извоз на автомобили лани инкасираше 142,3 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Извозот на автомобили во светот лани достигна вредност од 758,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

    Лидер според извоз на автомобили на планетата е Германија, којашто лани од оваа индустрија инкасираше 142,3 милијарди долари или 18,8% од вкупниот извоз во светот.

    Меѓу петте најголеми извозници на автомобили во светот се и: Јапонија (98 милијарди долари), САД (56 милијарди долари), Мексико (49,6 милијарди долари) и Канада (40,7 милијарди долари).

    Од земјите во регионот, Словенија е на 24-то место со извезени автомобили во вредност од 5,8 милијарди долари. Потоа следуваат: Србија (591 милион долари), Хрватска (440 милиони долари), Бугарија (311 милиони долари), Грција (49 милиони долари), Црна Гора (23 милиони долари), Босна и Херцеговина (5,6 милиони долари), Албанија (2,8 милиони долари).

    Нашата земја е 105-та во светот по извоз на автомобили, од што лани се заработени нешто над милион долари.

    Извор: Бизнис инфо

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично