ПОВЕЌЕ

    ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР КУПУВА АКЦИИ, сега поседува 12,21 процент од „Реплек“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Првиот човек на „Реплек“, Душан Пецовски, купи нови 30 акции од фармацевтската компанија. Со нив, во моментот, поседува 31.650 акции.

    „Акционер со над 5% Пецовски Душан воедно Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 30 нови акции, со што поседува вкупно 31.650 или 12,21% од вкупниот број на акции“, се вели во ценовно чувствителната информација, споделена преку Македонска берза.

    Генералниот директор повремено се јавува како купувач на акции, што за инвеститорската јавност е порака за стабилноста и просперитетноста на компанијата, која минатата година ги зголеми приходите за 24 проценти, проширувајќи го своето присуство на странските пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично