ПОВЕЌЕ

    Форд става клуч во Бразил?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот производител на автомобили Ford Motor Co. објави дека годинава ќе ги затвори сите три свои фабрики во Бразил, каде компанијата работи цел век. Затворањето се должи на отежнувачки услови предизвикани од пандемија на коронавирус.

    Официјални лица од Форд велат дека овој потег се случил како дел од глобалниот план за преструктуирање што на американската компанија треба да и донесе профит од 11 милијарди долари, пренесува Ројтерс

    Форд најави дека производството во фабриките во Камакари и Таубате ќе биде запрено веднаш, а само производството на одредени делови ќе продолжи уште неколку месеци.

    Фабриката во Хоризонте ќе биде активна до четвртиот квартал.

    По продажбата на имотот, продажбата на моделите EcoSport, Ka и T4 ќе биде прекината.

    Затворањето на фабриките во Бразил ќе влијае на околу 5.000 вработени, претежно бразилски државјани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично