ПОВЕЌЕ

    ВНИМАНИЕ: Фишинг измама со име на Комерцијална банка АД Скопје – не наседнувајте!

    Време зa читање: 2 минути

     

    Клиентите на Комерцијална банка се наоѓаат на мета на фишинг напади. Забележана е измамничка кампања со испраќање лажни e-mail пораки изминативе денови, а последната е испратена денеска, при што испраќачот лажно се претставува во име на Комерцијална банка и известува за пристигнат прилив и за трошоци.

    Комерцијална банка предупреди уште пред пет дена за овие фишинг е-пошти.

    Испраќачот, пред неколку дена, користел стара e-mail порака, коjа наликува како да е испратена од банката, при што ја проследува со додавање на текстот ”Почитуван клиент приложена потврда за прилив”.

    „Пораката има прилог (attachment) со наслов од облик: “Прилив-283-687…pdf….xz” или “Прилив-83-679…pdf…rar”, кој содржи злонамерна датотека. Обратете внимание на испраќачот на e-mail пораката: „FXPayments<fxpayments.kb.com.mk>” [email protected]. E-mail адресата на испраќачот е [email protected] и не е од доменот на Банката“, известуваат од Комерцијална банка.

    Денешната фишинг е – пошта во која се спомнува Комерцијална банка доставува известување за трошоци/провизија во врска со дознаката во странство на клиентот. Овој фишинг е испратен од ([email protected])

    Од банката велат клиентите да се многу претпазливи и да не ги отвораат прилозите, да не ја препраќаат и да ја избришат

    „Целта на овие пораки е прибирање податоци и/или инсталација на злонамерен софтвер со цел нивна злоупотреба и затоа треба внимателно да се постапува“, истакнуваат од Комерцијална банка.

    Фишингот е облик на измама кој опфаќа збир на активности на неовластени корисници преку користење лажни пораки од е-поштата и лажни веб страници на поголем дел од финансиските организации, обидувајќи се од корисниците да добијат доверливи лични податоци како што се ЕМБГ, корисничко име, ПИН броеви и слично. За жал, голем е бројот на корисници кои не се запознаени со овој вид на измама. Штом еднаш ќе дојдат до доверливите податоци, злонамерните испраќачи или сами ги користат или ги продаваат. Во пораките најчесто се повикуваат на лажни веб страници, кои според изгледот целосно одговараат на веб-страниците на легитимните компании.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично