ПОВЕЌЕ

    Финансова директорка и универзитетска професорка предложени за нови членови на НО на Стопанска банка Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Гордана Темелковска Костовска и Мимоза Богданоска Јовановска се предложени за нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Предлог – номинацијата е потпишана од Тони Јосифоски и од „Кара“ ДООЕЛ Скопје, друштво за производство, трговија и услуги, акционери кои заедно поседуваат 5,29 проценти од вкупниот број акции со право на глас. Предлогот ќе се разгледува на претстојното акционерско Собрание.

    Темелковска Костовска е магистер по економски науки и меѓународна трговија со меѓународен маркетинг. Има 31-годишно работно искуство во финансискиот сектор. На позицијата финансов директор е 24 години, а таа фунција сега ја врши во „Руле Турс“.

    Богданоска Јовановска е доктор по административни науки. Од 2022 година е редовен професор на битолскиот Факултет за информатички и комуникациски технологии. Како вработена на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола има 15 години работно искуство во високото образование.

    На нивните високи квалификации се заснова и предлогот даден од двајцата акционери. Во образложението наведуваат дека се работи за личности со „богато професионално искуство, со потврдено знаење, искуство и репутација“, со што „ќе придонесат за успешна работа на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично