ПОВЕЌЕ

    ЕСМ снабдување со топлина: Пониски порамнителни сметки за најголем дел од корисниците

    Време зa читање: 2 минути

    Грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април, информираат од ЕСМ снабдување со топлина.

    Притоа, во соопштението се посочува дека и покрај тоа што изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго, просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури. Тоа ќе се одрази и на сметките.

    „Токму затоа најголем дел од потрошувачите кои ги плаќаат фактурите на 8 и 12-месечни рати (97%), оваа грејна сезона ќе добијат пониски порамнителни фактури споредено со авансните. Сепак, висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот“, наведуваат од компанијата.

    Воедно, појаснуваат дека потрошувачите во текот на грејната сезона, во фактурите за топлинска енергија добиваат податок колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија. Односно, ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за мај, јуни и јули. Но, нагласуваат, доколку потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш може да побара поврат на разликата, секако, ако нема заостанати долгови.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично