ПОВЕЌЕ

    ЕКСКЛУЗИВНО: “Евротим ГДС” за две години заработил речиси половина милион евра

    Време зa читање: 2 минути

    Државниот пазарен инспекторат(ДПИ) со 10.000 евра ќе ја казни кичевската фирма “Евротим ГДС” и дополнителни 3.000 евра треба да плати нејзиниот сопственик Гоце Стефановски. Постапката за издавање на прекршочните налози започна откако инспекторатот доби одговор од компанијата „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево, дека компанијата ги прифаќа првичните резултати од анализите на земените мостри од производот „мазут“, што ги спроведе ДПИ во складот во Ресен.

    Врз основа на овој одговор, ДПИ информира дека резултатите од испитувањето на првиот примерок се конечни. Односно, при првите примероци од земени мостри од складот за „мазут“ во Ресен во сопственост на оваа компанија, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.

    Според информациите на Pari.com.mk во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк еве колку оваа фирма остварила добивка изминатите две години 2019 пред корона кризата и 2020 во време на кризата.

    • Во 2019 година кичевската компанија Евротим ГДС остварила вкупен приход од 13 милиони евра, додека наредната 2020 година остварила промет од 7,7 милиони евра, односно пад од 40 проценти
    • Според добивката оваа фирма во 2019 година заработила 380 илјади евра, додека лани забележала пад од 75 проценти, односно остварила профит од 94 илјади евра
    • Сета оваа заработка фирмата ја остварила со само шест вработени 

    Истовремено донесено е Решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ и определен е рок од 15 дена за постапување по наредбата.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично