ПОВЕЌЕ

    Времетраењето на пандемијата и средствата ќе го одреди закрепнувањето на економијата на ЕУ

    Време зa читање: 2 минути

    Економското закрепнување во Европската унија во голема мера ќе зависи од времетраењето на пандемијата, но и од новиот план за закрепнување за следната генерација, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џенентилони.

    „Не е лесно да се има солидна прогноза во ваква несигурна ситуација“, рече тој, презентирајќи ја есенската економска прогноза на Европската комисија, пренесува Хина.

    Џенентилони ги повика Европскиот совет и Европскиот парламент што побрзо да постигнат договор за повеќегодишната финансиска рамка – седумгодишниот буџет на ЕУ – и планот за закрепнување наречен ЕУ од следната генерација.

    Според симулациите на ЕК, финансирањето од инструментот од 750 милиони евра може да придонесе за два процентен раст на бруто домашниот производ (БДП).

    Економијата низ Унијата треба да падне 7,4 проценти оваа година, да порасне 4,1 процент следната година и 3,0 проценти во 2022 година.

    Пандемијата ги погоди членките на ЕУ нееднакво, и така има нееднакво влијание врз нивните економии.

    На земјите со голем туристички сектор, како што се Хрватска, Грција, Шпанија, Италија и Португалија, ќе им треба подолго време да се опорават, вели Џенентилони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично