ПОВЕЌЕ

    ЕИБ ќе ја поддржи зелената и дигиталната транзиција во регионот 

    Време зa читање: 2 минути

    Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја поздравува подготвеноста на лидерите на земјите од Западен Балкан да се приклучат на спроведувањето на Економскиот и инвестициски план на Европската комисија и да работат на развој на заедничкиот пазар, соопшти банката на Европската унија.

    ЕИБ наведува дека во рамките на овој план, приоритет се инвестициите во областа на инфраструктурата, како и проектите кои овозможуваат зелена и дигитална транзиција на регионот кон инклузивни и одржливи модели на економијата базирана на знаење.

    Претседателот на ЕИБ, Вернер Хоер, изрази подготвеност на Банката на Европската унија директно да го поддржи спроведувањето на овие планови со своите инвестиции.

    Групата на Европската инвестициска банка, во која покрај ЕИБ го вклучува и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), ќе ги зголеми инвестициите во приватниот сектор и ќе овозможи нови финансиски инструменти за развој во рамките на новиот инструмент за гаранција на ЕУ за Западен Балкан.

    Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ќе обезбеди финансиска и техничка поддршка за инвестиции кои придонесуваат за зелена транзиција во регионот на Западен Балкан, вклучително и постепено диверзифицирање на енергетскиот сектор со воведување на обновливи и одржливи извори на енергија за постепено намалување на емисиите на јаглерод.

    Оваа иницијатива има за цел да и помогне на Европа да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година, во согласност со плановите на Зелениот договор на Европската комисија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично