ПОВЕЌЕ

    Дурмиши: Есенската кошница месечно заштедува од 690 до 1.360 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Есенската кошница ги намали цените на утврдените основни намирници за пет до десет проценти. Тоа претставува месечна заштеда од 690 до 1.360 денари за четиричлено семејство, зависно од прехранбените навики и од маркетите каде што пазарат. Наскоро, намалувањето на цените треба да биде уште повоочливо. Според очекувањата на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, со наредните пратки ќе дојде до израз и намалувањето на цените во трговијата на големо.

    Ресорното Министерство континуирано носи одлуки и во изминатите 100 дена беше посветено на поддршката на бизнисите и домаќинствата, како и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, нагласи Дурмиши. Целта е да се подобри деловната клима за компаниите и да се намалат трошоците за граѓаните.

    „Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од пет до де проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот“, посочи  министерот.

    Воедно, вели, да не се пристапело кон мерката, стапката инфлација ќе беше повисока од 2,6 проценти, а ќе растеа и цените на прехранбените производи. Така, по есенската, во наредниот период ќе има божиќна, рамазанска, велигденска кошница.

    Тој потсети дека во услови на зголемени цени на храната ја иницирале акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“. Со есенската потрошувачка кошница, во трговијата и на големо и на мало маржите се ограничени на 10 проценти, а опфатени се 73 основни прехранбени производи. На тоа, претходеше намалувањето на маржата за училишниот прибор, со што се намалија трошоците за домаќинствата, посебно за оние кои имаат ученици, смета Дурмиши.

    Исто така посочи и на Законот за нефер трговски практики.

    „Стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец“, вели Дурмиши.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично