ПОВЕЌЕ

    Топ 10 државни фирми кои прават најголеми профити

    Време зa читање: 5 минути

    Јавно претпријатие за државни патишта во текот на минатата година остварило најголема добивка во однос на сите останати државни фирми и јавни претпријатија, покажува анализата на податоците што ја прави „Таргет Груп“.

    Добивката на ова јавно претпријатие лани била во висина од 46,9  милиони евра. Ова претпријатие високо котира и според остварените приходи во текот на минатата година кога има приходи во износ од 140 милиони евра.  Просечниот број на вработени бил 457 лица, односно истиот е зголемен за триесет во однос на претходната година.

    Минатата година била финансиски подобра од 2018 година. ЈП за државни патишта во 2018 година имало добивка 40,6 милиони евра, додека приходите биле 124,5 милиони евра.

    На второ место на листата државни компании со најголеми профити е енергетската МЕПСО. Лани има добивка во износ од 7,2 милиони евра и во однос на 2018 та добивката е зголемена, односно во 2018 та била на ниво од 6,4 милиони евра.

    Но, лани МЕПСО прикажува намалени приходи во однос на претходната година. Па така во 2019 година има приходи во висина од 88, 7 милиони евра, додека претходната година приходите изнесувале околу 100 милиони евра.

    Минатата година, просечниот број на вработени бил 653 и е зголемен во однос на 2018 година кога бил 585.

    Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија се наоѓа на трето место од листата на државни фирми со најголеми добивки. Компанијата има раст на приходите и добивката во 2019 година споредено со претходната.

    Вкупниот приход за 2019 година е во износ од  9,1 милиони евра и профит во висина од 5 милиони евра со просечно 51 вработен.

    Во 2018 година Државна лотарија имала приходи од 6,4 милиони евра и  добивка во износ од 3,3 милиони евра, додека просечиот број на вработени бил 50.

    Со добивка од 3,1 милиони евра остварена во текот на минатата година следува државната енергетска компанија ЕСМ. Но кај оваа компанија има драстично намалување на профитот во однос на 2018 година кога изнесувал 27,2 милиони евра.

    Лани вкупниот приход на ЕСМ изнесувал 207, 3  милиони евра, и е намален во однос на претходната година кога изнесувал 223,4 милиони евра.

    Просечниот број на вработени бил 4 751 а во 2018 та во фирмата работеле просечно 4 754 луѓе.

    Јавно претпријатие Национална радиодифузија  во текот на минатата година  прикажува  добивка во износ од  1,7  милиони евра и во однос на претходната регистриран е пад на профитот, кој изнесувал 2,2 милиони евра во 2018 година.

    Ова јавно претпријатие минатата година има приходи од 4,7  милиони евра, додека во 2018 година биле околу 5 милиони евра.

    Просечниот број на вработени лани е 141 додека претходната година  просечниот борј на вработени бил 144.

    Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта –  минатата година прикажува  добивка од 750 илјади евра, приходите биле на ниво од  18,6  милиони евра, со просечен број на 714 вработени.

    Во однос на 2018 година кога добивката била 350 илјади евра, лани е забележан позначаен пораст. Во 2018 година просечниот број на вработени во ова јавно претпријатие бил 764.

    Јавно претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА за разлика од 2018 година,  минатата година направило добивка од 725 илјади евра.  Лани, остварени се приходи од 23,5 милиони евра, додека претходната година приходите биле во износ од 22,7 милиони евра.

    Ова јавно претпријатие лани имало 1 255 просечен број на вработени додека во 2018 година просечниот број на вработени бил 1 229.

    Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М – НАВ АД во текот на минатата година  има добивка во износ од 470 илјади евра. Профитот во однос на 2018 та е драстично намален со оглед  дека тогаш имал добиква која изнесува 2, 6 милиони евра.

    Лани М-НАВ прикажало приход  во износ од 17,7 милиони евра што е приближно исто како и претходната година. Просечниот број на вработени бил 300, додека во 2018 та просечно биле вработени 288 луѓе.

    Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ лани има добивка од 402 илјади евра. Во однос на претходната година бележи раст на добивката. Односно во 2018 та изнесувала 262 000 евра.

    Лани ова Јавно претпријатие прикажало приход во износ од 27 милиони евра, што е на ниво како и претходната година.

    Ова  јавно претпријатие не е во водечките според добивките, таа се појавува во друштво на оние кои се најголеми работодавачи – со просечен број на 2 274 вработени во текот на минатата година, додека во 2018 та имало 2 250 просечен број на вработени.

    ЈП ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО за разлика од 2018 година, лани прикажува добивка од 240 илјади евра. Приходите минатата година се на ниво од 7, 6  милиони евра, слично како и во 2018 година.

    Ова јавно претпријатие лани има просечен број на 513 вработени а во 2018 та просечниот број на вработени бил 572.

    ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР  – како државна инстуција лани прикажува добивка од 219 000 евра што е помалку во однос на 2018 та, кога добивката изнесувала 841 000 евра. Приходот на Централен регистер во 2019 та бил 5,6  милиони евра а просечниот број на вработени изнесувал  339 што е растечки тренд во однос на 2018 та кога просечниот брoј на вработени бил 296.

    Анализа на податоците: Таргет Груп

    Изработил А.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично