ПОВЕЌЕ

    Драгољуб Арсовски сопственик на 500 нови акции од ТТК Банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка, проф. д-р Драгољуб Арсовски, се стекна со 500 обични акции издадени од Банката.

    Известувањето од ТТК доаѓа преку објавената ценовно чувствителна информација на Берзата, согласно Глава 6 од Правилата за котација.

    Арсовски, со реизбори, успешно ја менаџира Банката петнаесеттина години. А, со повременото купување акции, според правилата во деловниот свет, укажува на нејзината стабилност. Оттаму, тетовски Тетекс, доминантниот соптвеник на ТТК, во остварувањето на приходите најмногу се потпира на банкарската дејност, покажуваат годишните извештаи од неговото работење.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично