ПОВЕЌЕ

    Доларот ја изгуби улогата на светска валута?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Децениската позиција на доларот како светска резервна валута е загрозена од американските мерки за помош на економијата поради пандемијата, вели Реј Далио, основач на хеџ фондот Бриџвотер.

    Додека златото и акциите се зголемија во вредност поради милијарди финансиски инјекции, таквата помош ја потиснува американската валута и ја зголемува веројатноста САД да отидат предалеку во давањето субвенции од владата, изјави Далио за телевизијата Блумберг.

    Имено, индексот на доларот падна за 10 проценти од највисоката вредност во март, бидејќи инвеститорите реагираа на пандемијата поради обидите на централната банка (ФЕД) и американската влада да спречат економски пад.

    Сите најважни валути во светот зајакнаа во однос на доларот, како и златото, среброто и платината.

    Далио уште во јули рече дека инвеститорите треба да се одлучат за акции и злато наместо за обврзници затоа што тие даваат негативен принос на капиталот, а централните банки ќе отпечатат повеќе пари, потсетува американската агенција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично