ПОВЕЌЕ

    Доделени наградите на среќните добитници од наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка им ги додели наградите на среќните добитници од наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките.

    Главната награда во вредност од 1.000.000 денари на среќната добитничка Славица З. од Скопје ѝ ја врачи д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, со желба за уште повеќе радост и среќа во животот.

    Директорот Џамбазовски им ги подели и наградите на добитниците на електрични тротинети Segway Ninebot и на мобилни телефони Samsung Galaxy Z Flip.

    Комерцијална банка им честита на сите 121 добитници и им благодари што се членови на бројното семејство клиенти на Банката и ги користат производите и услугите од нашата богата понуда.

    Mastercard картичките на Комерцијална банка се дел од таа понуда. Тие секојдневно овозможуваат брзи и безбедни плаќања, но и бројни привилегии, попусти и, секако, учество во наградни игри.

    Во последната наградна игра „Биди во акција со секоја трансакција“ беа поделени 121 награда: главна награда во вредност од 1.000.000 денари, 10 електрични тротинети, пет мобилни телефони, пет Garmin часовници и 100 подарок-картички за шопинг во вредност од 3.000 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично