ПОВЕЌЕ

    „Макпетрол“: Добивката од 20,9 милиони евра се дели меѓу акционерите, директорите, вработените…

    Време зa читање: 2 минути

    Aкционерите на скопски „Макпетрол“ АД ќе поделат дивиденда од бруто 333.775.200 денари или 5,4 милиони евра. Вредноста на акцијата во бруто износ е 3.300 денари. За предложената одлука ќе се гласа на 30 мај, за кога е закажано одржувањето на Годишното собрание на акционерите.

    Исплатата е во готовина и ќе се реализира до крајот на септември. Листата на акционери кои имаат право на тоа ќе се утврди на 20 јуни, кога ќе се прави пресек на акционерската книга. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 16 јуни, а 19 јуни е утврден како прв ден на тргување без право на дивиденда.

    Освен за дивиденда, средства од добивката остварена минатата година во износ од 20,94 милиони евра (1.290.959.428 денари), ќе се распределат и за други намени. За задолжителната општа резерва се предвидени 1,04 милиони евра (64.547.971 денари). Во посебните резерви за стекнување сопствени акции со откуп ќе одат 4,86 милиони евра (300.000.000 денари).

    Меѓу членовите на Управниот одбор ќе се поделат 496,8 илјади евра (30.620.000 денари). Челниците на „Макпетрол“ ќе добијат 137 илјади евра (8.450.000 денари), а 1,78 милиони евра (110.000.000 денари) се насочуваат кон вработените.

    Инвестициските активности продолжуваат, при што за оваа намена се одвојуваат 4,86 милиони евра (300.000.000 денари). Освен тоа, дел од добивката во износ од 2,32 милиони евра (143.566.257 денари) се пренесува за идната година.

    Друштвото кое постои повеќе од седум децении функционира со речиси 1.900 вработени, а има издадено 112.382 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично