ПОВЕЌЕ

    Директорите сега заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник

    Време зa читање: 2 минути

    Платите во Соединетите држави се зголемија за 13,7 проценти од 1978 година, и платите на генералните директори за значителни 1,167 проценти, па директорите заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник, пишува порталот Fast Company.

    Во извештајот на Институтот за економска политика се утврдува дека просечната плата на директорите во некои од најдобрите американски компании е 21,3 милиони долари, и дека типичен работник во една од водечките компании сега заработува 67.000 долари годишно.

    Ваквите „прекумерни“ плати на генералните директори се претежно проблем затоа што придонесуваат за растечката нееднаквост меѓу раководителите и просечните работници.

    Соодносот на платите на директорите наспроти работниците во 1965 година беше 21 на 1, потоа во 1989 година се искачи на 61 на 1, а во 2019 година беше 320 на 1, што јасно покажува дека нееднаквоста во платите стабилно се зголеми во последните 50 години.

    Надоместокот на извршниот директор сега многу се потпира на акции и награди поврзани со цената на акциите на компанијата, така што заработката на директорите со децении имаше раст на пазарот.

    Решението за овој проблем е данок на богатство, се вели во извештајот. Ова вклучува повисоки стапки на данок на добивка, корпоративни даноци за компании кои имаат поголеми нееднаквости во платите помеѓу директорите и работниците и т.н. „луксузни даноци“.

    Покрај оданочувањето, владата би можела да донесе закони со кои ќе се промени структурата на корпоративното управување, се вели во извештајот на Институтот за економска политика.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично