Со Митка Мојсовска е сертифициран тренер и партнер на Германската Controller Akademie од Минхен, член на Меѓународното здружение на контролери ICV ( International Controller Verein).
Пари: дали може да ни кажете што е контролинг?
Контролингот денес е партнер на менаџментот, негов економски советник. Контролингот овозможува поквалитетно управување со идните случувања и дава одговор на конкретни прашања – какви се трендовските вредности и што можеме да очекуваме во иднина, во кои производи повеќе треба да се вложува, а кои производи треба да се напуштат, кои купувачи треба во иднина да се избегнуваат, кои пазари да се развиваат, на кој начин компанијата да се финансира, дали и понатаму да се задолжува итн…
Пред се, контролингот е филозофија на управување врз база на економска логика и рационалност, збир на знаења кои се потребни на една компанија, врз база на многуте податоци од компанијата и надвор од неа, да прибереме оптимален број информации кои се потребни да можат менаџерите квалитетно да одлучуваат. Заинтересираноста на менаџментот е клучна и најважна. Ако тоа менаџментот го дозволи тоа, контролингот може да има улога на најдобар економски советник кој може да го има компанијата. . Тоа е поради фактот што контролингот пред се придонесува до промена на начинот на размислување во компанијата и негова задача е да се занимава со стратешките цели на компанијата кои треба да бидат насочени кон создавање на профит на компанијата, а не само кон максимизирање на приходите. Во фокусот е иднината, контролингот не се занимава со минатото, односно што можеме да направиме подобро … промените настануваат во начинот на донесување на одлуки во компанијата т.е да се ослободиме од старите навики на донесување на одлуки врз основа на интуиција односно да се насочиме на користење на информациите од контролинг кои се темелат на статистички анализи, трендови, корелации и слично. Во целиот процес најважно од се е што контролингот постанува единствен извор на вистина, тоа е место од кое сите корисници црпат информации во форма на извештаи.
Пари: Која е улогата на контролинг менаџерот во една компанија?
Контролингот е обврска-работа на секој менаџер. Прашање е, дали менаџерот превзема активна улога, работејќи спрема одредена концепција (план или буџет) или се наоѓа во повеќе или помалку пасивна улога, со тоа што во секојдневното работење ги контролира само неговите активности. Или е, од оние кои донесуваат одлуки, а тоа значи дека е одговорен за содржината (цели, планови, мерки) односно процесот на контролинг.
Контролерите работат како даватели на услуги во компанијата. Контролерите му овозможуваат на менаџментот алатки и услуги при донесување на цели во компанијата, планирање и управување со истите.
Таквата улога на контролерите во компанијата се состои во тоа што тие секогаш треба на менаџментот да му обезбедат ‘’навигациски инструменти’’, непрекинато да ја согледуваат околината во која делуваат и да доставуваат потребни бројки. Понатаму, контролерите ‘’продаваат’’ планови. Според тоа слободно може да се каже дека контролингот е маркетинг на сметководството во одредена компанија. Контролерот е личност која прати и дава подршка во процесот на градење на целите на компанијата и нивно постигнување.
Како што може да се заклучи, контролинг не работат самите контролери. Процесот на контролинг е подрачје во кое се преклопува работењето на менаџерите и контролерот кои соработуваат во тим. Менаџерот ја води компанијата, а контролерот дава транспарентност на економските резултати, процесот и стратегијата и на тој начин придонесува поголем економски придонес во компанијата. Контролерите го обликуваат развиваат и одржуваат процесот на контролинг во организацијата.
Пари: Што се е потребно за имплементација на контролинг системот во компаниите?
Во пракса потребни се неколку предуслови за правилна имплементација на контролинг системот во компаниите. На самиот почеток, во првата фаза се прави анализа на постоечката состојба на компанијата. Процесот започнува со отварање на таканаречена хауба на компанијата т.е се снима работењето на постоечката компанија односно се прави анализа на финансиските извештаи на компанијата за последните 3 или 5 години од работењето и се составува ГФИ (годишен финансиски извештај) со сите економски показатели и трендови кои го опишуваат здравјето и позицијата на компанијата пред воведувањето на контролинг. Во втората фаза, се прави избор на клучни кадри кои ќе соработуваат на проектот на воведување на контролинг. Истите треба да ја поминат едукацијата од областа на теоријата и праксата и алатките за подршка на контролинг, како би биле оспособени за работа во контролинг и користење на информациите за контролинг. Потребно е да се направи детален увид во информацискиот систем, поради запознавање со моменталната состојба и можностите за натамошен развој, особено во сегментот на трошковното и управувачкото сметководство. Информацискиот систем во голем дел го детерминира изгледот на идниот контролинг, па и системот на известување. Во третата фаза, се гради нова организациска структура на компанијата и организација на трошковно сметководство. По утврдување на конечната организациска структура, следи: aнализа и дефинирање на деловните процеси, ходограми на документација- воведување на контролинг печат, анализа и ускладување на постоечкиот сметководствен систем и препораки за подобрување, организација на сметководството и сметководствените процеси спрема потребите на контролинг. Конечна цел е развој на трошковно и управувачко сметководство.. и последната четврта фаза е изработка на модел на деловно известување од контролинг на сите нивоа на менаџмент. Целиот процес на известување почнува со добра организација на книжење на деловните случувања. Контниот план е маханизам кој помага секое претпријатие да може да го организира систем за прибирање на информации за деловните настани и истиот да е прилагоден кон нивните потреби. На самиот крај се воспоставува систем на известување по сите димензии на книжење, крајниот резултат е креирање на биланс на успех по тимови, брендови, купувачи, региони, ABC анализа на продажба, анализа на залихи, BCG матрица итн…
Пари: Која е ПРАВАТА АДРЕСА за едукација на контролери и менаџери?
Своето долгогодишно искуство во областа на контролинг (како долгогодишен предавач и учесник во имплементација на контролинг системот во матичната компанија КОЛА, во која сум на позиција Финансов директор) успеав да го преточам во реалност, имено Скопје од минатата година се збогати со единствениот едукативен центар “КОНТРОЛИНГ БИЗНИС ЦЕНТАР“ кој е партнер на Германската Controller Akademie од Минхен, а со тоа добива и право на користење на нивната интелектуална сопственост т.е според нивната утврдена методологија, припрема и одржува отворени обуки, семинари од областа на контролинг односно ја спроведува АКАДЕМИЈАТА ЗА КОНТРОЛИНГ CA. На сите контролери, менаџери, сметководствени и финансиски стручњаци, овој центар им нуди континуирано усовршување на своето знаење за управување во компаниите, достапност на литература од областа на контролинг, своевремено започна и со продажба на стручна литература која е реткост да се најде на нашата територија. Програмата за Академијата за контролинг се одвива во 3 модули, со која сите учесници се здобиваат со Меѓународно признаен сертификат. 70% од наставата е практична т.е се обработуваат примери од пракса, додека 30% е теоретски дел. За прв пат на нашите простори отворен е Контролинг клуб каде сите членови се професионалци кои доаѓаат од најголемите компании кои несебично го споделуваат своето знаење и искуство. Networking-от се спроведува преку работилници на се обработуваат конкретни примери од областа на финансии и контролинг и панел дискусии. Повеќе детали на www.controlling.mk