ПОВЕЌЕ

    Цените „гарантирани“ и во јануари, Бектеши најави нови мерки за помош на граѓаните

    Време зa читање: 2 минути

    Дополнителни мерки со кои ќе се влијае врз стандардот на граѓаните се подготвуваат во Министерството за економија, информира министерот Крешник Бектеши, со цел да се врати нивото од пред времето на кризата. Мерки ќе има и за успешните студенти. А, „гарантираните цени“ на производите ќе се задржат и во текот на јануари.

    Најавените нови мерки, не се дел од последниот анткризен пакет, посочи министерот во „Студио 10“, појаснувајќи дека за студентите се дизајнираат мерки во соработка со Министерството за образование и наука.

    Меѓу другото, Бектеши посочи дека поради неможноста до крајот на годинава во Собранието да се усвои законот за нефер трговски практики, производите во маркетите и натаму ќе бидат означени со „гарантирана цена“. Иако рокот на оваа мерка истекува на 31 месецов, ќе важи до крајот на јануари. Конкретно, додека не се изгласа предложениот законски текст.

    Според него, под влијание на новиот закон кој ги регулира односите на релацијата производители, дистрибутери, продавачи, цените ќе се намалат, па ќе нема потреба од владината мерка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично