ПОВЕЌЕ

    БЛОК ОД МИЛИОН ЕВРА: Купувачот стекнал 1,84% сопственост во „Македонијатурист“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Познат купувач платил повеќе од милион евра за 8.321 акција на „Македонијатурист“. Информацијата за оваа последна, во низата, блок-трансакција е пласирана на Македонска берза.

    Акциите се купени по цена од осум илјади денари. Вредноста на блокот е во износ од 66.568.000 денари. Преку оваа трансакција сопственикот на овој пакет стекнал 1,84 проценти од основната главнина на хотелско-угостителската компанија. Станува збор за обични акции со право на глас, чија номинална вредност е 25,56 евра.

    Вчерашните две блок-трансакции беа реализирани по различни цени од 7.700 и осум илјади денари. Нивниот вкупен износ беше над 685 илјади евра за 5.381 обична акција, кои обезбедуваат 1,19 проценти од почетниот капитал.

    Акциите на „Македонијатурист“ одат во двојни блокови: Пакетите вредат 685 илјади евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично