ПОВЕЌЕ

    Се што треба да знаете во врска со Биткоин

    Време зa читање: 3 минути

    После години скептицизам, биткоинот конечно добива мејнстрим кредибилитет.

    Само оваа недела, Тесла (ТСЛА) соопшти дека наскоро ќе прифати биткоин како плаќање за нејзините возила и откри дека купил 1,5 милијарди долари во крипто валута како дел од нејзините удели во готовина. Во меѓувреме, Uber (UBER) и Mastercard (MA) исто така рекоа дека планираат да започнат да прифаќаат биткоин. И BNY Mellon – најстарата американска банка, чија историја датира од основањето на Банката на Њујорк од страна на Александар Хамилтон во 1784 година – објави дека формирала единица за „дигитални средства“.

    Значи, ако сте го игнорирале биткоинот мислејќи дека тоа може да биде само финансиска мода, сега е време да започнете да му обрнувате внимание. Еве што треба да знаете.

    Што е биткоин?

    Биткоинот е криптовалута создадена во 2009 година од непознато лице со алијас Сатоши Накамото. Трансакциите се анонимни и се вршат без брокери или посредници.

    Вие не можете физички да користите биткоин – тоа е дигитална валута. И тоа е децентрализирано, што значи дека не е контролирано од банка или влада.

    Во овој момент може да се користи насекаде, од Overstock.com до PayPal – и таа листа брзо се шири.

    Многу луѓе исто така го гледаат биткоинот како добра инвестиција. И, тоа стана реалност оваа недела, имајќи предвид дека биткоинот достигна историски максимум од 49 000 долари.

    Каде можам да купам биткоин?

    Биткоинот е 100% дигитален. Пазарите наречени „размена на биткоин“ им овозможуваат на луѓето да купуваат или продаваат биткоини користејќи различни традиционални валути. Coinbase е водечка берза, заедно со Coinmama, CEX.IO и Gemini.

    Каде да го чувам мојот биткоин?

    Биткоинот е зачуван во дигитален паричник, кој е или на облак или на вашиот компјутер. Тоа е како да имате виртуелна сметка во банка. Но, за разлика од банкарските сметки, зачуваниот биткоин не е осигуран од FDIC.

    Чекај, каква врска има Илон Маск со ова?

    Илон Маск, извршен директор на Тесла и Спејс Икс, има историја на твитови со поддршка криптовалитите, конкретно со само еден твит ја засулува или зголемува вредноста на Биткоинот.

    „Мислам дека [биткоинот] е на прагот да добие широко прифаќање од конвенционалните финансии“, рече Маск во неодамнешното интервју за аудио-социјалната апликација „Клубхаус“.

    Не долго после тоа тој ја официјализираше врската на Тесла со крипто, и корпоративните објави започнаа да течат.

    Дали е безбеден Биткоинот?

    Криптовата валута е многу непостојана, и затоа е многу ризична. На пример, во јануари вредноста на биткоинот се искачи на 42 000 долари, па падна на 30 000 доалри, а потоа повторно се искачи над 40 000 долари – сето тоа во текот на една недела.

    И има некои својствени опасности за дигиталната валута: Хакиран сервер, избришана датотека или изгубена лозинка може да значи дека средствата се изгубени засекогаш.

    Прочитај: Проширување на можностите за тргување преку токенизирање на активa достапна на финансиските пазари

    Финансиските пазари се едни од најиновативните пазари кога станува збор за креирање и развој на нови производи и услуги. Целта на континуираниот развој на иновативни финансики производи е да се задоволат потребите на различните учесници на финансиските пазари. Со цел проширување на инвестициските можности како и можностите за тргување на најразлични видови на финансиска актива, во последните неколку декади создадени се најразлични видови на финансиски инструменти….Продолжи со читање [ т у к а ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично