ПОВЕЌЕ

    Битиќи со германските бизнисмени: За инвеститорите е обезбедено поволно деловно опкружување и силна владина поддршка

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија е подготвена да ги пречека и да ги поддржи германските компании во нивниот стремеж за раст и успех, при што нуди поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка, им порача вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на претставниците на германските компании

    Со стратешка локација, на крстосницата на паневропските транспортни коридори 8 и 10, Македонија е погодна за синџирот за набавки на европскиот континент наречен неаршоринг (nearshoring). Со воспоставување производство блиску до европските центри за потрошувачка, германските компаниите можат да ја максимизираат ефикасноста и ефективноста на нивните бизнис процеси.

    Тој се осврна и на владината финансиска поддршка, која е предвидлива, а постапките се транспарентни, со цел создавање еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори.

    „Поддршката е дизајнирана да постигне неколку цели, вклучително и создавање на подобро платени работни места, поттикнување соработка меѓу компаниите и промовирање технолошки развој и иновации“, посочи Битиќи. Воедно, пред германската делегација го презентираше и дигиталниот асистент во јавниот сектор, АДА, прв во регионот и пошироко, базиран на вештачка интелигенција. Преку АДА компаниите можат да добијат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош која се нуди за инвестициите.

    „Заедно да создадеме силни партнерства и да го отклучиме огромниот потенцијал што лежи во нашата соработка“, им се обрати вицепремирот Битиќи на германските бизнисмени.

    Исто така, наведе дека државата е потписник на мултилатерални конвенции и има склучено бројни билатерални договори за заштита на инвестициите, што за странските инвеститори значи заштита преку институции како што е Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID).

    Успешноста на германските компании кои делуваат во Македонија претставува силен мотив за другите компании да го следат нивниот пример и да инвестираат, рече предводникот на германската делегација, Ханс-Јоаким Баумлер, од консултантската компанија „Интегра“. Според него, овде има добра бизнис клима за понатамошно развивање на трговската размена помеѓу Германија и Северна Македонија.

    Познато е, за нас Германија е исклучително важен економски партнер и главен извозен пазар. Засега тука опстојуваат повеќе од 200 компании со германски капитал, кои вработуваат околу 20.000 лица.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично