ПОВЕЌЕ

    БДП со раст од 2,1 процент во првото годинешно тримесечје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бруто домашниот производ забележал стапка на раст од 2,1 процент на крајот од првото годинешно тримесечје, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Во тој перод поголем раст е регистриран во неколку сектори. Кај градежништвото се работи за стапка од 12,7 проценти, а во трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 10,6 проценти.

    Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првите три месеци номинално расте за 14,8 насто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69 проценти, наведено е во информацијата на ДЗС.

    Номинално зголемување од 13,7 проценти има и кај извозот на стоки и услуги. Додека, пак, кај увозот на стоки и услуги има намалување во номинален износ од 1,4 отсто.

    Исто така, статистиката покажува дека бруто-инвестициите во првото тримесечје од годинава бележат намалување во делот на промената на залихите.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично