ПОВЕЌЕ

    Банкарските кредити го стимулираат растот на ризико осигурувањето

    Време зa читање: 3 минути

    Со вложени 1,56 милијарди денари или 25,4 милиони евра, 297.559 македонски граѓани го осигурале својот живот. Бројките се однесуваат на периодот заклучно со септември 2022 година, а произлегуваат од податоците кои петте компании за осигурување живот ги доставиле до Агенцијата за супервизија на осигурување(АСО).

    Бројот на осигуреници со животно осигурување за една година бележи пораст од 22,5 насто, односно за речиси 55 илјади.

    Во тие рамки и согледувањата на АСО дека и понатаму се евидентира континуирани раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот кое, патем, нема штедна компонента. Впрочем, најчесто се јавува како обезбедување за банкарски кредити на граѓаните, кои во ланските први девет месеци во осигурување со штедна компонента вложиле 13,4 милиони, а во ризико осигурувањето 6,7 милиони евра. Во истиот тој период, вкупната актива на петте друштва за осигурување живот изнесува 180 милиони евра.

    Популарно нареченото ризико осигурување има најголем раст на продажба, велат податоците. Се работи за осигурителен производ кој предвидува – во случај на смрт, член од семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето, да добие одредена осигурена сума. Сепак, ако до истек на договорот изостане предвидениот ризик, тогаш вложените средства остануваат кај осигурителната компанија. Ваков вид осигурување, на крајот од септември 2022, имале над 237.000 лица. Или, за 52 проценти повеќе споредено со истиот период од 2021 година. Сепак, ваквиот раст кај ризико осигурувањето се должи на заинтересираноста и на потребата на граѓаните од земање банкарски кредити.

    Кај договорите за осигурување живот, повеќе од 48.300 се со штедна компонента. Што значи, по истекот на договорот, осигуреникот ги добива вложените средства со камата. Нивните уплати се вложуваат во банкарски депозити, во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Со вложени 828,1 милион денари, продажбата на овој осигурителен продукт, споредено со претходната година, бележи мал четирипроцентен пад.

    Во првите три лански квартали 11.800 граѓани вложиле 318,8 милиони денари (5,2 милиони евра) во „Јунит линкд“, кој е најнов осигурителен продукт меѓу оние за животно осигурувања. Ризикот од инвестирањето го презема осигуреникот, а значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, чии пазарни цени зависат од движењата на регионалните и на глобалните пазари на капиталот.

    Инаку, во продажбата на животно осигурување учествуваат пет осигурителни компании:„Кроација осигурување“ со 31 отсто, „Граве“ со 22, „Винер лајф“ со 18, „Триглав осигурување – живот“ со 17 и „Уника лајф„ со 12 проценти. Во првите девет месеци од 2022 година исплатиле вкупно 484,8 милиони денари или 7,9 милиони евра.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично