ПОВЕЌЕ

    Банкарски спортски натпревари: Екипно второ место за Стопанска банка

    Време зa читање: 2 минути

    Во Охрид се одржаа традиционалните спортски натпревари меѓу вработените од банкарскиот сектор, а Стопанска банка учествуваше со голем тим натпреварувачи во сите дисциплини.

    Исходот е: освоени први места во тенис – мажи, серва и шах; втори местa во одбојка – мажи, куглање – жени, пинг понг – мажи, а во стрелаштвото подеднакво биле добри и мажите и жените; трето место е во фудбал и тенис – жени.

    Оттаму и екипниот пласман на втората позиција.

    Од Стопанска банка се горди на постигнувањата и велат: „Нашиот тим е заслужен за сите наши успеси во секојдневното работење, но покажува и дека успева да има уште повеќе усогласеност, соработка и аспирација за победи и надвор од работните места“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично