Бошко Андов, Весна Ѓорчева и Татјана Димов остануваат во Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, откако се реизбрани од страна на Надзорниот одбор. Информацијата е објавена преку известување до Берзата.
Исто така, од осигурителната компанија информираат дека Озрен Марјановиќ е нов член на УО, за што е направена промена во Трговскиот регистар што се води при Централниот регистар.