ПОВЕЌЕ

    СЕРИЈАЛ 100 НАЈГОЛЕМИ: Бројот на вработени кај 100-те намален за 2.540, кој најмногу отпуштал лани?!

    Време зa читање: 3 минути

    Човечките ресурси се можеби најбитниот фактор на една држава и истите треба да се третираат како национална стратегија. Нема успешна држава без квалитетен кадар и не може кадарот да се задржи доколку државата не е успешна! Каде  и дали погреши Македонија во овие 30 години независност од аспект на својот кадровски потенцијал? Одговорот лежи во емиграцијата. Погреши во тоа што државата не можеше да го следи трендот на успешниот кадар. Поединците беа и сеуште се поуспешни од државата. Но, да се надеваме дека иднината ќе ги сврти работите во полза и на државата , но и на поединецот. Голем број национални стратегии за зголемување на вработеноста беа преку рекламирање на евтина работна сила VS квалитетен кадар. На почетокот тоа даваше успех, но сега работите почнуваат да се менуваат. Голем број на индустрии излегуваат од спрегите на “експлоатацијата” и се повеќе ги вреднуваат вработените.

    Од аспект на кризната година, со чии последици се уште се бориме, евидентно е дека компаниите немале капацитет да продолжат со истиот број на вработени и значително се крателе платните списоци. Бизнис порталот Pari.com.mk во соработка со платформата за бонитетни информации на БизнисМрежа.мк а како дел од проектот топ 100 компании, го анализира токму сегментот на вработени во овие компании.

    Како што најавивме и во предходната анализа, вкупниот број на вработени во 2020 година, за топ 100 компаниите, е намален за 2.540. Ова не значи автоматски дека толку лица останале без работа, но како одвоен сегмент падот е евидентен.

    Подлабоко во анализата се среќаваат неколку интересни податоци:

    • 4 компании од топ 10 со најмногу вработени бележат пад.
    • Кумулативниот пад на топ 10 компаниите е 950, што претставува 37% од вкупниот намален број на вработени во топ 100 сегментот.
    • Трите компании кои бележат најголем пад на вработените се директни странски инвестиции. Во 2020 година овие компании го намалиле бројот на вработени за 1687, што претставува 66% од вкупниот пад на топ 100 сегментот. Ова покажува колково е влијанието на овие мега компании, како врз националната економија, така и врз голем број на фамилијарни буџети.
    • Во топ 100 сегментот има и неколку агенции за привремени вработувања кај кои се случувале дијаметрално спротивни трендови. Една компанија бележи голем пораст на вработени, а друга има надолен тренд. Сепак во оваа категорија во голема мера влијание имаат склучените договори со фирмите партнери.
    • Ако се изземат компаниите за привремени вработувања, најголем пораст во топ 100 сегментот е забележан во 2 компании, од кои едната е од Охрид, додека другата е од Битола. Ова е битен сегмент за ставањето во функција на човечкиот капитал надвор од главниот град.
    • Во топ 100 компаниите има 17 компании кои имаат повеќе од 1.000 вработени, додека само 2 компании вработуваат над 5.000 луѓе.
    • Интересно е дека додека во листите по основ на приходи и добивка имаше голем број на промени во членството, тука само 3 компании успеале на направат пробив во елитата.

    Сите овие податоци, детално ќе бидат прикажани преку проектот 100 Најголеми, кој ќе биде објавен наскоро. Истите се од исклучителна важност за сите носители на политики, особено во ковид и пост ковид перидот, и треба да бидат под постојан мониторинг. Обезбедувањето на што повеќе квалитетни и одржливи работни места е од особена важност за спроведување на поефтини и поефикасни антикризните мерки преку релевантно таргетирана група на поединци.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично