ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ АНАЛИЗА: Високоградбата „изградила“ високи профити и во 2020 година, но пандемијата ѝ изела 2,7 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Пандемијата на почетокот му нанесе удар и на градежништвото, но тоа бележи нагорни резултати од третиот квартал минатата година. Рестрикциите, заболените работнци, прекинати синџири во снабдувања, поскапен градежен материјал, како и предвремените парламентарни избори минатата година си го направија своето и во вториот квартал имаше значаен пад на градежништвото, но веќе во третиот квартал оваа гранка имаше раст од 3,4 проценти. Потоа, сите официјални статистики бележат продолежвање и забрзан раст на секторот до крајот на годината.  Ноемвриските проекции на Народната банка предвидуваат понатамошна добра иднина за градежниот сектор:

    „Се предвидува поизразен раст на инвестициската активност, особено во 2022 година, што се темели на очекувањата за забрзан раст на странската побарувачка, продолжување на градежните работи поврзани со јавните инвестиции во патната инфраструктура, нови инвестиции на државата поврзани со членството во НАТО, повисоки инвестиции на приватните субјекти во резиденцијалниот и енергетскиот сектор и повисок раст на странските директни инвестиции“, информира Народната банка.

    Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисMрежа.мк, открива кои компании кои се занимават со високоградба, во текот на минатата година оствариле најголеми приходи, какви се нивните добивки и колку загубиле во однос на 2019 година. Податоците покажуваатдека 10-те ТОП компании по прихоци, од високоградбата направиле вкупне приход од  149 милиони евра, но тоа е  22 милиони евра помалку отколку во 2019 година, кога „собрале“ 127 милиони евра. Овие компании во 2020 година направиле профит од 12.700.000 евра,но претходната година нивниот вкупен профит изнесувал 15.400.000 евра, или пандемијата на најмоќните во секторот „високоградба“ има однела 2.700.000 евра.

    Еве кои се најмоќните компании во овој сектор

    ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ВО СЕКТОРОТ „ВИСОКОГРАДБА“

    НазивПриходи 2020Приходи 2019 ДОБИВКА 2020/2019ВРАБОТЕНИ
    АК-ИНВЕСТ - Тетово33.400.000900.000-22,470
    ЖИКОЛ- Струмица20.600.0002.700.000+51,2%435
    РАПИД БИЛД Куманово14.630.000560.000-89 %254
    КАРПОШ- Скопје14.600.000430.000-19,9%260
    ЗСФ-КОМ Скопје11.900.0003.700.000+45,7%27
    АФЕРДИТА-И Кичево11.760.000 150.000+ 84258,13%34
    СЕРКА ТААХХУТ ИНШААТ АНОНИМ ШИРКЕТИ/Р.Турција - Подружница во Гевгелија10.700.000//47
    ОФИС КОМ - Скопје10.650.000455.000-64,4% 9
    СТЕНТОН ГРАДБА - Битола10.400.0001.140.000+ 56,89%116
    СИМ ИНЖЕНЕРИНГ - Струмица10.280.0002.700.000+21%40
    ВКУПНО149.000.00012.700.000/1.292

    Над 90% од компаниите во градежниот сектор, првите месеци по прогласувањето на пандемијата пријавиле откажани или одложени нарачки и договори.  Освен тоа, поради намалениот интензитет на работа во администрацијата, се чувствувала намалена динамика во однос на повици за јавни набавки за капитални инвестиции и тешкотии за обезбедување документи. Намален интерес имало и кај приватните субјекти, поради што имало намалување во продажбата на станови, активностите за реновирање и продажбата на градежни материјали. Според проценките, првиот квартал од 2020 во споредба со минатата година градежните компании бележат околу 30% намалување во приходите.

    Градежништвото е сектор од витално значење за македонската економија, особено имајќи предвид дека од градежништвото зависат уште 22 стопански гранки.  Вкупно во градежната индустрија (нискоградба и високоградба)  има околу 30.000 работници. Но, треба да се има предвид дека во текот на градежната сезона бројот на вработени се зголемува и според некои истражувања достигнува и до 58.000 вработени

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично