ПОВЕЌЕ

    Кои се карактеристиките кои го оформија бизнисот на Алибаба вреден 697 милијарди долари?

    Време зa читање: 2 минути

    Културата е клучна за секоја компанија и честопати од тоа зависи дали бизнисот ќе инспирира или само едноставно ќе функционира.

    Таа социјална страна на бизнисот во последно време се најде под зголемена контрола, не само поради пандемијата на коронавирусот, туку и од неодамнешните протести на „Black Lives Matter.“

    Според тоа, клучен предизвик и голема можност за големи бизниси, според еден од главните директори на „Алибаба“, Џо Цаи, е културата, која е главната причина за успехот на компанијата, вредна 697 милијарди долари.

    Мисија, визија и вредности

    Извршниот потпретседател и директор на фондот за претприемачи на Алибаба, рече дека тие особини би можеле да влијаат на мисијата, визијата и вредностите на компанијата. 

    „Кај Алибаба, културата прво значи дека имате мисија“, рече Цаи. „Постои причина компанијата да постои, покрај остварување на профит“.

    „Второ, вие воспоставувате визија за иднината. Што сакате да биде компанијата? Каде сакате компанијата да биде? И тие би можеле да бидат петгодишни или десетгодишни цели за компанијата“, додаде тој.

    „Третиот столб се вредностите. Со какви вредности живеете? Како сакате вашите вработени да живеат во и надвор од канцеларијата? Овие три работи на Алибаба ја формираат нашата култура.“

    Алибаба започна во 1999 година, најпрво како платформа за е-трговија наменета за бизниси. Денес, повеќеслојниот технолошки гигант нуди широк спектар на производи и услуги, почнувајќи од cloud computing и забава, до услуги за плаќање. Но сепак, компанијата ја има истата мисија од самиот почеток, рече Цаи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично