ПОВЕЌЕ

    Ај да запролети, па ќе средиме

    Време зa читање: 4 минути

    „Ај да запролети, па ќе средиме!“ Колку пати сте си го кажале ова без разлика дали станува збор за молерисување на станот, чистење на подрумот, дотерување на терасата или реорганизација на просторот во домот? Веројатно многупати, но не сте единствени.

    Пролетта е симбол на нови почетоци и честопати ги мотивира луѓето да започнат одредени интервенции во домот. Тоа е сосема логично, имајќи предвид дека е прво годишно време во новата година, температурите стануваат поповолни, започнува летното сметање на времето и денот се зголемува.

     Важно е да се чувствувате убаво и релаксирано во домот – местото каде поминувате најголем дел од денот, па ова е совршен период од годината да размислите и испланирате какви промени би направиле за да го претворите во уште попријатно катче.

    За да ви помогнеме во оваа мисија, во продолжение споделуваме неколку совети за пролетно освежување на вашиот стан или куќа.

    • Молерисајте ги ѕидовите, но размислете за опцијата на некои ѕидови белата боја да ја замените со друга која на просторот ќе му даде нов изглед. Во последно време модерни се и цртежи или илустрации на ѕидовите, особено во детската соба.
    • Подгответе ја терасата или дворот за новата летна сезона. Опремете ја со нова гарнитура, купете кул саксии и цвеќиња во различни бои, најдете интересни светилки за уникатна атмосфера во летните вечери.
    • Реновирајте го тоалетот ако тоа не сте го направиле подолго време. Модерни плочки, нова туш кабина, подобро осветлување се само дел од опциите.
    • Енергетската ефикасност секогаш е во мода, па може да ги замените прозорците, да ја подобрите изолацијата на ѕидовите и да побарате совет за поштедливо загревање на домот.
    • Често добивате впечаток дека имате премногу работи кои нема каде да ги чувате. Можеби решението е нови плакари и реорганизација за попаметно и поефикасно искористување на просторот.

    ПАРИ НАВРЕМЕ ЗА ПРОЛЕТНО ОСВЕЖУВАЊЕ И НОВИ ПОЧЕТОЦИ

     И од финансиска гледна точка, пролетта е најповолен период за инвестиции во домот. Домашниот буџет е закрепнат од „новогодишната потрошувачка еуфорија“, а сè уште е рано за летниот одмор и трошоците што тој ги „пакува“ со себе.

    Но, и доколку немате доволно средства за да ги изведете планираните интервенции во домот, не се откажувајте. Позајмувањето средства при покрупни инвестиции е сосема честа и вообичаена практика. Обезбедете пари навреме за пролетно освежување и нови почетоци преку поволните финансиски пакети на Credissimo. Процедурата е едноставна и транспарентна, а средствата веднаш ќе ги добиете на вашата сметка.  

    ФИНАНСИСКИ СОВЕТ ОД CREDISSIMO

    Притоа, важно е да направите мала анализа, а ние ќе ви помогнеме во тоа. Позајмите точно онолку колку што ви недостасува за пролетното реновирање на домот без да се изложувате на прекумерни трошоци. Внимателно изберете на колку рати ќе го враќате долгот во зависност од месечните приходи и расходи во вашето домаќинство. Имајте предвид да можете да ја исплаќате месечната рата без тоа значително да влијае на домашниот буџет. Да направиме и една проекција, тргнувајќи токму од сумата на месечната рата што ви одговара. Доколку таа изнесува околу 100 евра, односно 6.093 денари, може да позајмите 90.000 денари и да ги вратите на 24 рати. По две години, она што сте го вложиле во вашиот дом сè уште ќе биде ново и функционално, а долгот за инвестицијата ќе биде расчистен. Имајте го предвид и ова – ако досега не сте ги користеле услугите на Credissimo, првиот кредит е секогаш без камата и со 0 денари трошоци, доколку го отплатите во рок од три месеци.

    Пролетта започнува на 20 март – искористете ја за нешто паметно, корисно и убаво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично