ПОВЕЌЕ

    НА СВЕТОТ МУ НЕДОСТИГААТ: 100.000 возачи на камиони, 79.123 медицински сестри, 68.929 негуватели…

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во светот владее недостатокот на работници, а на ниво на Европа, ситуацијата е особено загрижувачка во Велика Британија. Нив освен короната силно ги погоди и Брегзит, па најмногу им недостасуваат возачи на камиони и работници во фабрики за производство.

    Сепак, можеме да речеме дека добар дел од светот има проблем со недостаток на работници. Што повеќе, компаниите во Соединетите американски држави „патат“ по нив, а особено по доставувачи на роба. Од друга страна, минатиот месец е воочено значајно помалку отворање на работни места во однос на јули. 

    „The Recruitment and Employment Confederation“ (REC) од Велика Британија соопштува дека на крајот од август имало дури 1,66 милиони непополнети позиции, а претпоставката е дека тој број ќе продолжи да расте, особено имајќи предвид дека делта сојот рапидно се шири и понатаму.

    Меѓу професиите кои имаат најголем недостаток на работници се возачи на камиони 100.000, медицински сестри 79.123, програмери 68.929, негуватели 49.751, готвачи 29.996…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично