Американската централна банка во средата ја задржа основната каматна стапка помеѓу 0 и 0,25 проценти по долгоочекуваниот дводневен состанок, но објави дека можни се две зголемувања во 2023 година (и тоа секое по четвртина процент).
Федералната резервна банка оваа година ја ревидираше во нагорна линија проценката за инфлацијата и економскиот раст. Очекува цените да пораснат за 3,4%, додека оваа година растот на БДП да биде 7%.
Џејмс Булард, првиот човек на Федералната резервна банка во Св.Луис, потврди дека тој е еден од седумте федерални претставници кои предлагаат циклусот на покачување на каматните стапки да започне кон крајот на следната година.
Што е со програмата QE? Добро познатиот менаџер на хеџ фондот, Дајвид Тепер, изјави дека Федералната резервна банка прави добра работа и докажува дека не „заспала зад воланот“. Според него, Федералната резервна банка нема да започне со намалување на набавките на обврзници во рамките на програмата за квантитативно олеснување (QE) до крајот на годината, па дури и кога ќе започне тој процес, тоа ќе биде само знак дека економијата навистина е во добра форма.
Сепак, по прилично мирната прва половина од годината, високата нестабилност се врати на Вол Стрит, а силниот долар го следеше сето тоа. Индексот на доларот порасна за скоро два проценти во изминатата недела, кој е најголемиот пораст во последните година дена.
Сепак, Велс Фарго предвидува дека потребниот принос на обврзниците ќе биде 2,20% до крајот на годината. Теоретски гледано, зголемувањето на приносот на обврзниците е лоша вест за берзите.