ПОВЕЌЕ

    Плати на контакт од телефонскиот именик со еден клик – Smart send

    Време зa читање: 3 минути

    Префрлање средства од една на друга трансакциска сметка секогаш нѐ асоцира на оние здодевни пополнувања уплатници кои се поднесуваат во некоја филијала. Или, доколку трансферот на средства се врши преку електронското банкарство, на пополнување електронски налози, што пак, носи и позната доза несигурност и прашање – „што ако нешто згрешам”.

    Но, трансферот на средства веќе не мора да изгледа вака. Халкбанк АД Скопје воведе новитет наречен SmartSend (Ѕвони ми на сметка) што овозможува брзо, едноставно и лесно префрлање пари на било кој контакт од вашиот телефонски именик, доколку истиот е корисник на услугите на Халкбанк и има активирано SmartSend.

    Користењето на оваа нова и иновативна услуга е сосема едноставно, а префрлањето средства се врши во три чекори – внесувате сума која сакате да ја префрлите, го одбирате контактот од вашиот именик и ја потврдувате трансакцијата. И работата е веќе завршена.

    Зошто би Ви била потребна оваа услуга? Едноставно, има многу ситуации кога имате потреба од брзо префрлање средства. На пример, во денешно време, поради пандемијата, прославите за родендени, имендени, матурски, дипломски и слично не се одржуваат, но сепак сакате да покажете внимание за некој близок. Тука е SmartSend на Халкбанк. Или, пак, Вашиот партнер или член на семеството видел нешто што сака да го купи, но во моментот му недостасуваат доволно средства? Израдувајте го преку SmartSend. Можеби заборавивте да подигнете доволно пари од банкомат, па не сте во можност да се раздолжите со пријателите? Се разбира нема простор за грижа, веќе знаете зошто – тука е SmartSend. Ова е само мал дел од секојдневните ситуации што ја одразуваат неопходноста и погодноста на овој нов производ на Халкбанк.

    Услугата се активира многу лесно. Со избирање на полето SmartSend преку електронското банкарство или преку апликацијата за мобилно банкарство на Халкбанк ја активирате услугата со потврда на вашата трансакциска сметка и телефонскиот број. SmartSend опцијата e наменета за физички лица кои се корисници на електронско и мобилно банкарство и имаат активна трансакциска сметка во Халкбанк.

    Халкбанк  АД Скопје како банка која функционира според слоганот „Важни се луѓето“ интензивно работи на задоволување на потребите на своите клиенти и се стреми кон дизајнирање услуги кои штедат време и се лесни за користење. Токму таква услуга е и SmartSend.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично